Факултетот за бизнис и економија нуди широк спектар на програми од првиот и од вториот циклус на студии. Нашите програми се дизајнирани да ви овозможат знаења и вештини кои се потребни за да ги реализирате своите планови во денешната глобална економија , која е во постојано движење.
Нашите студенти се обучени и подготвени да пристапат на регионалните и на меѓународните арени на бизнисот. Тие имаат можност да извлечат корист од искусниот наставен кадар, од кои повеќето имаат меѓународно искуство, студирале и работеле во САД и во Западна Европа. Нашите студенти имаат поддршка од советникот за студенти, чија улога е да им помогне да ги решат сите прашања во врска со студиската програма. Успехот на овој пристап се забележува и во високата стапка на вработеност на нашите дипломирани студенти во регионов и во меѓународниот простор.
Соработката со Универзитетот во Лондон ви нуди можност да студирате на студиската програма (Информациски системи и менаџмент), со која ќе се здобиете со двојна диплома.
Во согласност со потребите на пазарот на трудот на Факултетот се усогласуваат и се надградуваат студиските програми, се развива академскиот кадар и се подобрува квалитетот на наставата и на учењето.
Факултетот има хомоген и квалитетен академски кадар, образован и квалификуван во најпрестижните универзитети на локално и на меѓународно ниво. Студиските програми се нудат на три јазици: на албански, на македонски и на англиски јазик, со што на студентите им се овозможува да студираат во партнерските институции во светот.
Поголемиот дел од студиските програми се нудат со редовен и со вонреден начин на студирање.
Лабораторија
Шпреса Алија