Универзитет на Југоисточна Европа

Профил на Универзитетот

           ЈИЕУ ги развива своите академски активности во два универзитетски кампуси, и тоа во Тетово и во Скопје. Универзитетскиот кампус во Тетово е изграден според принципот - сè на едно место, овозможувајќи интерактивна сеопфатност меѓу студентите во сите дисциплини на студиите. Универзитетскиот кампус опфаќа голем зелен простор и објекти за сместување, има четири големи амфитеатри со капацитет од 200 до 500 студенти, повеќе од 30 училници со капацитет од 30 до 60 студенти, два компјутерски центри со повеќе од 650 компјутери, библиотека, студентски дом за живеење и голем број спортски терени за рекреација. 

           Кампусот континуирано се проширува со нови објекти и со тоа придонесувајќи за сегашниот капацитет на учењето, на пример Универзитетот пред некое време се прошири со 8 нови лаборатории, со 150 компјутери од типот „Sun Thin Client“ и 50 обични компјутери за поддршка на наставата и на научните истражувања на Универзитетот.

           Универзитетскиот кампус во Скопје не е толку голем како тој во Тетово, но во себе ги содржи сите kарактеристики на еден единствен европски универзитет, прекрасно место за здобивање диплома. Кампусот на ЈИЕУ во Скопје се наоѓа во центарот на градот, спроти Италијанската амбасада.
 

           Кампусот на ЈИЕУ е единствен во регионот во кој од почеток од фазата на проектирањето, па сè до реализацијата се води грижа за стандардите за зачувување на животната средина и за еколошкиот систем.
           Поголем дел од вкупната површина на кампусот, околу 25.000 м2, е засаден со зелени површини. Околу 60 % од материјалите употребени за време на изградбата на објектите се со еко-карактеристики.

           Универзитетот употребува вода од своите извори, која се филтрира и е со висок квалитет за консумирање. Ние од ЈИЕУ сме посветени и водиме грижа за рециклирање на отпадите, па за таа цел од почетокот се врши поделба на различните материјали од отпадите, кои потоа се транспортираат во соодветни фабрики за преработка.

           ЈИЕУ постојано инвестира во технологијата за заштеда на електричната енергија. ЈИЕУ, исто така предвидува инвестирање во обновливи ресурси со што се очекува намалување на загадувањето на животната средина, а со тоа и позитивно влијание врз развојот на економијата во земјава.

Препораки