Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Вонредни студии
Информација за префрлување од вонредни во редовни студии

На идната академска година 2006/2007, студентите ќе можат да прејдат од вонредни на редовни и споротивно.

За реализација на ова, тие бездруго треба да ги исполнат предвидените критериуми од страна на Универзитетот:

Oвие услови важат за генерацијата од академската 2005/2006 година:

• Од првата година на студии за втората година на студии студентот треба да се здобие со 42 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Од втора година на студии за трета година на студии студентот треба да се здобие со 102 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Од трета година на студии за четврта година на студии студентот треба да се здобие со 162 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Најмалиот просек на оценки треба да е 8.0.


Oвие услови важат за генерацијата од академската 2004/2005 година:

• Од првата година на студии за втората година на студии студентот треба да се здобие со 36 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Од втора година на студии за трета година на студии студентот треба да се здобие со 96 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Од трета година на студии за четврта година на студии студентот треба да се здобие со 156 кредити во текот на нејзините/неговите студии во тековната академска година;
• Најмалиот просек на оценки треба да е 8.0.

Заинтересираните студенти треба да потполнат формулар кој можат да го земат од Канцеларијата за вонредни студи и истиот да го вратат од 01 до 10 октомври 2005.

Студентите кои повторуваат година, не можаат да бидат во овој процес на промена на начинот на студирање.
Доколку тие сакаат да го изменат начинот, тие бездруго треба да поминат преку приемен испит регистрирајќи се одново.

©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.