Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Запишување на идни студенти

Програма за стипендии за академската 2008/09 година

ЈИЕ Универзитетот во соработка со Институтот Отворено општество (ОСИ) - Програма за поддршка на високото образование ХЕСП, нуди 100 стипенди за студирање во ЈИЕУ, во првиот циклус на студии.

Стипендите кои се добиваат во првата година на студии можат да се задржат до завршувањето на првиот циклус на тригодишните студии.

ЈИЕ Универзитетот за младите студенти кои ќе се запишат на ЈИЕУ во првиот циклус на студии во академската 2008/2009 година, нуди 40 стипендии за кандидатите кои ќе се одлучат да студираат на следниве факултети:

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на македонски јазик

Сумата на стипендијата
во  евра

Правен факултет

13

4

1000

Факултет за бизнис администрација

9

3

1200

Факултет за современи науки и технологии

9

2

1200

 

Изборот на кандидати ќе се изврши според следниве критериуми:

    • 60%  успех од средно  образование;
    • 40% од оценката од државната матура;
    • Доколку повеќе кандидати имат исти бодови на ранг-листата (од  горенаведените критериуми), тогаш ќе се тестират по англиски јазик.

Начин на пријавување

Формуларите за пријавување може да се најдат на веб-страницата на www.seeu.edu.mk или во административната зграда бр. 802.02/2 oд 15 јуни до 15 август 2008 во периодот на пријавување. 

Кликни тука за да го симнеш формуларот за апликација

Документацијата треба да се достави во истиот рок до:


Универзитет на ЈИЕ
Канцеларија за финансиска поддршка
Административна зграда бр. 802.02/2
тел:  044 356 188 / 356 044

ЈИЕ Универзитетот  во соработка  со Институтот Отворено општество (ОСИ) - Програма за поддршка на високото образование (ХЕСП), нудат околу 60 стипендии според потребата за финансиска помош на кандидатите кои ќе се одлучат да студираат на следниве факултети:

Факултети

Број на стипендии

Факултет за јавна администрација и политички науки

35

Факултет за јазици, култури и комуникација

25

Фондот на стипендии покрива:

  • Плаќање  дел од школарината - максимална сума - 1000 евра.
  • Плаќање  дел од трошците за транспорт- максимална сума - 600 евра.

Забелешка: Висината на стипендијата ќе зависи од потребата за финасиска помош на секој студент поединечно.

Услови за пријавување:

  • Апликантите треба да бидат запишани како редовни студенти  на  ЈИЕУ. 
  • Апликантите треба да ја докажат нивната потреба за финансиска помош.
  • Право на аплицирање имаат само кандидатите кои се државјани на Р.Македонија.
  • Ќе се евалуираат само апликациите на кандидатите кои имаат најмалку 60 од 100 можни бодови од успехот од средното образование и од државната матура.

Забелешка: Предност ќе имат студентите со ограничени способности

Начин на пријавување:

Формуларите за аплицирање може да се најдат на веб-страницата  www.seeu.edu.mk или во административната зграда бр. 802.02/2,
Од 15 јуни до 15 јули 2008

Кликни тука за да го симнеш формуларот за апликација

Документацијата треба да се достави до 30 јули 2007 до:


Универзитет на ЈИЕ
Канцеларија за финансиска поддршка
Административна  зграда бр. 802.02/2
тел:  044 356 188 / 356 044


Teлефони за контакт:     044 356 247; 044 356 249

 

 

 

 

©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.