Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 


Запишување на идни студенти
ЈИЕУ следи една отворена политика за упис, во која важат неколку ограничувања. Отворениот упис значи дека Универзитетот се залага дека ќе го прими секој кој е квалификуван да учествува во неговите академски програми. Затоа, за студирање на ЈИЕУ, кандидатите треба да ги исполнат утврдените услови за упис од страна на Универзитетот, но истовремено и утврдените услови од Министерството за образование и наука на РМ, за додипломски студии.

Услови и критериуми за запишување на редовни и на вонредни студенти

  1. Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование, или образование адекватно на тоа и кои ја имаат положено државната матура.
  2. Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден  со овој Конкурс, тогаш право за запишување во вториот уписен рок, освен оние што ја положиле државната матура, имаат и кандидатите од гимназиите кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле државниот испит.
  3. Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватното на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.
  4. Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа надвор од Република Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште (со нострификација при Министерството за образование и наука на Република  Македонија).
  5. Вреднувањето на успехот од средно образование, државната матура и од училишната матура за учениците од општите гимназии, или завршниот испит за тие што имаат завршено средно професионално училиште (за кандидатите во вториот уписен рок), се изразува во поени. Врз основа на поени ќе се изврши редоследот на примени кандидати.
  6. Кандидатите кои се запишани без државна матура ќе бидат тестирани за нивните знаења за степенот на познавање на англискиот јазик, на датумот предвиден во делот IV. Ова тестирање нема елиминаторен карактер, но е потребено само за одредување на степенот на познавање на англискиот јазик.
  7. Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со финансирање на студиите.
  8. Предност  при запишувањето на вонредни студии ќе имаат кандидатите кои се во работен однос и кои имаат подобар успех од средното образование. Вработените треба да го документираат нивниот статус.
  9.  На вонредните студенти  50% од план-програмата на соодветниот факултет ќе се понуди со редовни предавања додека другиот дел од програмата ќе го завршат со сопствени студии (насочени од предавачот).

Пријавувањето на кандидатите се врши од 16 јуни до 1 септември.
За кандидатите кои ја положиле државната матура во првиот рок, листата на примените кандидати ќе се објави пет дена по објавувањето на завршните резултати од државната матура. Запишувањето на примените кандидати ќе почне по објавувањето на завршната листа и ќе трае 14 дена по објавувањето на истата. 
За кандидатите кои ја положиле државната матура во вториот рок, кои имаат предност за запишување или оние што кои ја положиле државната матура во општите гимназии, или кои го положиле завршниот испит во средните професионални училишта, листата на примените кандидати ќе се објави 5 дена по објавувањето на завршните резултати од вториот рок. Регистрацијата на примените кандидати ќе започне по објавувањето на завршната листа и ќе трае 10 дена по објавувањето на истата.

Тестирањето по англиски јазик за одредување на нивото на познавање на јазикот (што не претставува услов за запишување), за кандидатите кои имаат завршено средно образование пред 2008 година или надвор од Р. Македонија, ќе се одржи на датум кој ќе биде објавен во веб-страницата на Универзитетот, во Универзитетскиот кампус во Тетово.

Кандидатите треба да ги достават сите документи наведени во делот V, во училницата 802 во Универзитетскиот кампус, или преку пошта:
                                                                Универзитет на Југоисточна Европа 
                                                                                Илинденска бб
                                                                                1220 Tетово, Македонија
Teлефони за контакт:     044 356 247; 044 356 249

Сите студенти кои аплицираат во академската 2008/2009 година е потребно да ја достават следнава документација:

  1. Пополнет формулар (кој може да се земе во просториите на Универзитетот или преку официјалната веб-страница на Универзитетот- www.seeu.edu.mk) и уплатница (ПП10) во износ од 1500 денари

СТОПАНСКА БАНКА
Жиро сметка: 200-000877547449
Даночен број: 4028003134292

  1. Лична биографија во вид на есеј. Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои студентот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ и кои се неговите/нејзините очекувања. Ова треба да биде изградено врз можноста за самоизразување, со што претставува шанса да се направи концизен и оригинален есеј кој би осветлил одредени аспекти од карактеристиките на личноста на ученикот, неговата биографија или неговите интереси.
  2. Оригинална диплома за завршено средно образование (за студентите кои го имаат завршено средното образование пред 2008 година или надвор од Р. Македонија), и оригинални сведителства од сите  години (или копии заверени на нотар).
  3. 4.Уверенија од резултатите од државната матура, односно од училишна матура или од завршниот испит.
  4. Извод од матична книга на родени.
  5. Фотокопија од лична карта или од пасош.

Кандидатите, кои ќе аплицираат од 16 јуни до објавувањето на резултатите од државната матура и ќе ја  достават документацијата  наведена во  точките  1, 2, 5 и 6, ќе се  смета  дека се примени со услов, значи се здобиле со правото на резервација на место на соодветниот факултет, но конечното запишување ќе се изврши по поднесувањето на документите предвидени во точката3 и 4. 

ЈИЕ Универзитетот во соработка со Институтот Отворено општество (ОСИ) - Програма за поддршка на високото образование ХЕСП, нуди 100 стипенди за студирање во ЈИЕУ, во првиот циклус на студии.

Стипендите кои се добиваат во првата година на студии можат да се задржат до завршувањето на првиот циклус на тригодишните студии. Повеќе...

 

За повеќе информации можете да се обратите до:

ЈИЕ Универзитет
Отсек за аплицирање/Канцеларија за упис
‘Илинденска’ бб, објект 802
1200 Тетово, Р.Македонија
e-mail: a.rexhepi@seeu.edu.mk
Тел: +389 44 356 091

 

 

©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.