Канцеларијатa за истражување на Универзитетот на Југоисточна Европа објавува
КОНКУРС
за доставување на истражувачки проекти за 2008/2009 година
Предлог-проектите да се достават до 31 август 2008 година. Предлог-проектите за истражување треба да се достават до Директорите на Истаржувачките Центри на секој факултет.
Проектите треба да се достават до следниве директори:
Али Пајазити, Факултет за јавна администрација
Бистра Неткова, Правен факултет
Миролуб Шукаров, Факултет за бизнис администрација
Мустафа Ибраими, Педагошки факултет
Азир Алиу , Факултет за КНТ
До 15 септември 2008 година, Истражувачките Совети на секој Центар за истражување на факултетите заедно со одредени претставници, треба да се запознаат со предлозите на истражувачките проекти, да се консултираат со оние кои ги доставуваат и да ги приберат копиите од првите верзии на предлог-проектите за истражување.
Оваа година ќе се финансираат само истражувачките проекти кои ќе бидат кофинансирани и од други извори.
Предлозите кои не се соодветни и се многу подолу од наведениот критериум ќе се одбијат и ќе се вратат на доставувачот со писмено образложение во кое ќе бидат наведени причините за неговото одбивање. Прифатените предлози за истражување ќе се презентираат за дискуисија на состанокот на Комитетот за истражувања. Се предвидува овој Состанок да се одржи до крајот на септември 2008 година, додека последното одобрување ќе се даде во октомври од страна на Проректорот за истражување. Истражувачките Совети треба да подготват седум копии за секој предлог и да ги предаде на Состанокот на Комитетот за истражувања.
Резултатите од Состанокот на Комитетот за истражувања ќе се презентираат во форма на записник од состанокот. Овие записници ќе се испорачуваат на секој Член претставник и потоа пак ќе се испратат до кадарот кој е инволвиран во овој процес.
Во прилог ги имате упатствата како и формуларот за апликација за истражувачки проекти на англиски, албански и македонски јазик.
За секаков вид на прашања или помош Ве молам да се консултирате со Претставниците на факултетите во Комитетот за истражување, Членовите или Директорите на Истражувачките Центри и/или да ги упатите во Канцеларијата за истражување.
Упатства.doc
formular_za_proekti_2008.doc
Со почит,
Канцеларија за истражување
Јавен повик за трудови : 31 август 2008
Издание посветено на човековите права
Почитувани,
Повикот за трудови за научниот магазин на УЈИЕ сега е отворен до 31 август 2008 година. Ги повикуваме сите оние кои истражуваат за човековите права од секоја област како на пример право на живот, право на образование, право на слободно изразување, право на сопственост, ослободување од насилство, право на праведно судење итн. да ги достават нивните трудови. Исто така добредојдени ќе бидат и трудовите кои се однесуваат на практичните прашања како што се образованието за човековите права, вметнување на практичните прашања во наставните план-програми на сите факултети.
Ве молиме да ги прочитате приложените упатства пред да доставите статија. Авторите кои веќе имаат предадено трудови кои не биле прифатени за објавување во претходните изданија може истите повторно да ги достават но според новите правила. Предадената статија треба да биде напишана на англиски јазик и авторите треба да обезбедат превод на апстрактот на албански и македонски јазик.
