Research
Office
Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Активности

Се промовира првото мултимедиалното ЦД за учење на албанскиот јазик во Македонија 

 

,,Мултимедијално ЦД за учење албански јазик", подготвено од Факултетот за јазици, култури и комуникација со координатор проф.д-р Мустафа Ибраими и од Факултетот за современи науки и технологии со координатор проф.д-р Замир Дика е избрано како најдобар истражувачки пројект за 2006-2007 на ЈИЕУ. На промоцијата на �проектот која се одржа во понеделник (16.06.2008) �учествуваа студенти, претставници на академскиот и административниот кадар и учесници во проектот.

Оваа е првото мултимедијално ЦД за учење на албанскиот јазик проектирано во Македонија, рече проф.д-р Мустафа Ибраими, еден од координаторите на проектот. Тој рече дека ЦД-то ќе им користи за странците кои сакаат да го научат албанскиот јазик.

Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, проф. д-р Веби Беџети, рече дека сме на добар пат освен академските активности да ги развиеме и истражувачките активности.

Деканот на Факултетот за современи науки и технологии проф.д-р Муртезан Исмаили, рече дека учеството во заеднички проект на академскиот кадар и студентите го промовираат истражувањето во ЈИЕУ.

Проректорот за истражувања проф.д-р Денис Фарингтон, рече дека проектот е многу значаен за двете најгоелми заедници во Македонија и корисен за флексибилната употреба на јазиците.

Во ЦД-то има 14 лекции во кои се објаснуваат разни ситуации и се овозможува учење на албанскиот јазик на ниво А1 и А2 според европскиот систем за учење јазици Алтеа.


 

Се промовираше седмата рамковна програма за истражување и развој на Европската унија

Канцеларијата за истражувања на ЈИЕУ во соработка со Министерството за образование и наука на Македонија во четврток (29 мај 2008 година) во Универзитетот на Југоисточна Европа организираше презентација Седмата рамковна програма на Европската унија (ФП7).

Оваа програма е основен инструмент на Европската унија за финансирање на научни истражувања и за технолошки развој. Програмата ќе се реализира во периодот 2007-2013, а вкупниот буџет кој е доделен за реализација на оваа програма е 50.521 милијаради евра�, рече Дитурије Исмаили, раководител на Канцеларијата за истражување на ЈИЕУ.

Презентацијата, беше следена од страна на голем број на академскиот кадар, а се реализираше од Виолета Атанасовска, претставник на Канцеларијата на ФП 7 на Министерството за образование и наука на Македонија. Таа рече дека ФП7 е организирана во четри посебни програми и една дополнителна програма кои се совпаѓаат со четрите главни цели на истражувачката политика на ЕУ ориентирани кон промовирање и потикнување на усовршување на истражувањата. Главните цели на програмата се: соработката, која подразбира транснационални истражувања во 10 приоритетни области, идеи, кои подразбират фронтални истражувања, луѓе, или човечки потенцијал, истражувачки капацитети и формирање на заеднички центар за истражување.

Во програмата ФП7 се опфатени неколку видови на проекти, и тоа: проекти за соработка, идивидуални проекти, и др. Оваа програма е фокусирана во неколку области со интерес, како што се: здраство, храна, земјоделство, биотехнологија, информациони и комуникациски технологии, нано-науките, енергија, животна средина, социјалните и хуманите науки, безбедност и др.

FP7_in_general_SEEU.ppt

JRC-Tetovo.ppt


 

Избран најдобар истражувачки проект за  2006/2007 година

 На 18ти март, 2008  година се одржа 15иот состанок на Комитетот за академско истражување при ЈИЕУ. Една од точките на дневниот ред беше номинација на најдобар истражувачки проект  за академската 2006/2007 година.  

Од секој факултет беше побарано да достават предлози за  најуспешен проект за  2006/2007 избран од Одборите на факултетот за истражување.  

Одборот за истражување на Правниот факултет го номинираше проектот ,,Tргување со луѓе правни аспекти" координиран од професорот Бистра Неткова за најдобар проект за  академската 2006/2007 година.

Најдобар проект номиниран од  Истражувачкиот одбор на Факултетот за јавна администрација беше ,,Владеење на право и реформите во јавната администрација" координиран од проф. Јонуз Абдулаи.

Проектот ,,Мултимедијално ЦД  за учење албански јазик" коордиран од проф.др. Мустафа Ибраими  беше номиниран  од  Истражувачкиот одбор на Педагошкиот факултет за академската  2006/2007 година.

Истражувачкиот одбор на Факултетот за КНТ за најдобар проект за академската 2006/2007 година го номинираше проектот ,,Само-референтни системи  во вештачката интелигенција и квантната физика-радикална теорија и апликација" координиран од проф.д-р. Билјана Перчинкова.

Факултетот за бизнис администрација не се натпреваруваа со истражувачките проекти затоа што сеуште ги немаат завршено истражувачките проекти за 2006/2007 година.  

Секој член од Академскиот комитет за истражување  има право да гласа за два проекти и по процесот на гласање се  утврди дека проектот  "Мултимедијално ЦД за учење албански јазик " доби најмногу гласови  и се  прогласи  за најдобар истражувачки проект за 2006/2007 година.

 

 

 



2007 South East European University. All rights reserved.