Menu
Добредојдовте на веб страната за обезбедување на квалитет.
Централно место во мисијата на Универзитетот се целите за извонредност, рамноправност, транспарентност и ефикасност. Универзитет се залага за достигнување највисок квалитет на секој факултет и оддел и за подобрувањето на квалитетот го смета како индивидуална и колективна одговорност.
Бидејќи квалитетот е централен во секој процес кој го презема Универзитетот, ние развиваме култура за квалитет работејќи на обезбедувањето и на менџирањето на квалитетот.
Обезбедувањето на квалитет се фокусира на академските работи, наставата и учењето и е тесно поврзано со оние услуги кои директно ги поддржуваат студентите како што се библиотеката, службата за студентски прашања и Центарот за кариера.
Универзитетот ги поздравува и позитивно ги искористува националните и меѓународните евалуации како и потврдувањето на квалитетот за продолжително подобрување.
Се надеваме дека оваа веб страна ќе ви биде од корист. Доколку имате некои прашања или коментари ве молиме да не контактирате на quality@seeu.edu.mk