Kанцеларијата за последипломски студии е централна административна канцеларија при Универзитетот на Југоисточна Европа која што се занимава со развојот на последипломските студии. Канцеларијата е одговорна за организација, управување и надгледување на квалитетот на програмите.
Канцеларија за последипломки студии при ЈИЕУ:
Канцеларијата е во постојана соработка со академскиот и административниот кадар;
Нуди поддршка за студентите и кадарот кои се вклучени во овие студии;
Кадарот од Канцеларијата за последипломски студии ги очекува сите можности за дискусија и размена на идеи кои се однесуваат на академските и административните процеси со сегашните и идните студенти и кадарот кој е ангажираан.
Целта на канцеларијата за последипломски студии е :
Да имаме задоволително истражувачко искуство и интелектуално да ги стимулираме оние кои се вклучени во оваа насока;
Да понудиме можност за развој на вештини и знаење бидејќи само така тие ќе можат да го дадат нивниот придонес за просперитет во регионот.
Препорака на канцеларијата за заинтерсираните лица кои би сакале да продолжат со нивните студии е дека тие треба да одговорат на следното прашање:
Зошто последипломски студии?
Доколку имате изградено став и имате причини поради кои би сакале да продолжите со последипломските студии, тогаш без сомнение ќе ја достигнете Вашата цел и ќе го добиете најдоброто од последипломските студии.
Кои се можните причини за последипломските студии:
Достигнување на посебни цели во кариерата;
Реализација на перспективите за вработување;
Посебен интерес во одредено академско поле;
Професионализам;
Желба за трансфер од едно во друго поле итн.
Многу е важно на самиот почеток да поседувате:
Moтивација;
Академски вештини;
Финансиски средства за завршување на студиите;
Канцеларијата за последипломски студии работи на развојот и унапредувањето на овие студии и сето тоа создава подобра клима за напредок во иднина.
Канцеларијата е лоцирана во зградата 801, бр.11 и Ректорат канцеларија бр.2. Канцеларијата е отворена за соработка со сите зинтересирани лица.
Проф. Д-р Хасан Јашари
Директор за последипломски студии
ЈИЕ Универзитет, Тетово, Македонија
Teл.: +389(0)44 356 086
e-маил: h.jashari@seeu.edu.mk
Eмсале Муртезани
Координатор на последипломски студии
Teл.: +398(0)44 356 031
Teл.: +389(0)44 356 086
e-маил: e.murtezani@seeu.edu.mk
