Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Последипломски Студии

Програма од IIиот циклус на студии по комуникации на факултетот за комуникациски науки и технологии

 

Факултетот за Комуникациски науки и технологии  ќе понуди  студии од втор циклус кои водат до магистерски дипломи по Комуникации. Според својата структура и содржина, програмата од IIиот циклус на студии ќе им овозможи на кандидатите да бираат помеѓу две понудени области од кои секоја со посебен предмет на студирање. Понудените области  се:           

1) Корпоративни комуникации и
2) Медиумски  стратегии  

I. Генерален опис

Преку програмата од IIиот циклус  по Комуникации при Факултетот за КНТ , студентите ќе се стекнат со  вештини, знаење и компетенции од областа на Комуникациите. Генерално, вработувањата поврзани со комуникациите се во подем  и се очекува таа тенденција да продолжи и во иднина. Со програмите што ги нуди,  ЈИЕ Универзитетот може да стане водечки центар во создавањето стручен кадар од областа на  Комуникациските науки во регионот на Југоисточна Европа.  Програмата опфаќа професионален и академски аспект со можност за нагласување на едниот од нив, преку овозможување на  студентите  сами да ја изберат програмата и предметите.

 

II. резултати од студиите 

Вештините , со кои се очекува студентите да се стекнат преку оваа програма, вклучуваат вештини на дејствување (интелектуално и преносливо) и технички вештини (практични и базирани на знаење). Во зависност од  избраната програма , вештините со кои ќе се здобијат студентите и можностите за вработување се следни : 

Корпоративна комуникација   

Дипломираниот  од овој профил ќе биде оспособен за:

  • Дизајнирање комуникациски вештини
  • Дизајнирање обука и други процедури
  • Испорачување  на ефективна обука
  • Вреднување на комуникациска обука & систем
  • Стратешко планирање

Студентите кои ќе се здобијат со овие вештини може да бидат  вработени во некоја од следниве области:

  • Човечки ресурси (Канцеларии на човечки ресурси постојат/ треба да постојат во секоја јавна и приватна организација)
  • Обука и развој (како дел од човечките ресурси, западните компании вложуваат огромни износи во обука & развој, глобално околу 100 билиони $, вклучително: преговори, конфликт менаџмент, интеркултурна комуникација, тимска работа и заедничко донесување одлуки, интервјуа, лидерство)
  • Консултации (компаниите како Ernst & Young, Price, Waterhouse, Coopers  веќе дејствуваат во регионот и се стремат да ја прошират својата конкурентност  на локалниот и глобален пазар)
  • Менаџмент (во САД и западна Европа студентите со ваква диплома имаат перспектива во продажни операции  и организации вклучени во проект менаџментот)
  • Сервис за потрошувачи (многу компании, како на пример финансиските, имаат разгранети операции за сервисот на потрошувачи што бара  вработени со способности за интерперсонална комуникација).

 

Meдиумскi стратегиii

Дипломираниот од овој профил ќе биде оспособен за:

  • Дизајнирање на ефективни медиумски пораки во различни медиуми (аудио, видео, веб)
  • Дизајнирање на медиумски кампањи
  • Реализирање на медиумски кампањи
  • Евалуирање резултати
  • Вреднување пред и по завршување на кампањата

 

Студентите кои ќе се здобијат со овие вештини може  да  бидат вработени во некоја од следниве области:

  • Односи со јавноста (стратегиите за односи со јавноста станаа, во глобални рамки, дел од бизнисите, НВО, владите)
  • Реклами (и тие се веќе составен дел од работата на бизнис компании, НВО, влади)
  • Политички кампањи (кандидатите во изборните кампањи, во сите демократски системи, ангажираат професионалци: аналисти и автори на говори)
  • Кампањи на јавните сервиси (владите, како и НВО осмислуваат  и водат разни кампањи за јавни  добра, како на пример: превенција и третман на рак, имунизација).

 

III. опис на програмата и на наставниот план
Програмата од  II иот циклус ќе се состои од 90 ЕКТС  кредити  а наставата ќе се изведува  редовно во времетраење од три семестри ( по 30 кредити за секој семестар ). Програмата е составена од задолжителни и изборни  предмети, специјални предмети и посебни студии ( кои вклучуваат практични  или истражувачки активности) и изработка на магистерски труд.  

Студентот самиот ја креира својата  индивидуална програма  за некој од   четирите споменати профили, преку изборот  на  изборни предмети и темата на магистерскиот труд , односно,  менторот од соодветната област.  

Програмата од  IIиот циклус за  Корпопративни  комуникации   го има следниов наставен план:

 

Семестар  1

 

  • Методологија на истражување (6 кредити )
  • Напредна комуникациска теорија  (6 кредити)
  • Напредна организациска комуникација  (6 кредити )
  • Комуникации & конфликти во организации (6 кредити)
  • Изборен предмет ( 6 кредити)

 

 

Семестар  2

 

  • Комуникациска обука во организации (6 кредити)
  • Oрганизациски комуникациски системи (6 кредити)
  • Групи и организации  (6 кредити)
  • Комуникациска обука   во организации (6 кредити)
  • Изборен предмет  (6 кредити)

 

 

 

Семестар   3

 

  • Применет научен проект и/или магистерски труд  

 

Изборни предмети :

  • Напредно убедување  
  • Напредно интервјуирање
  • Напредна интеркултурна комуникација

 

Програмата од  IIиот циклус за  Медиумски стратегии   го има следниов наставен план:

 

Семестер  1

 

  • Методологија на истражување  (6 кредити)
  • Напредна комуникациска теорија (6 кредити)
  • Медиумски стратегии (6 кредити)
  • Напредно убедување  (6 кредити)
  • Изборен  предмет( 6 кредити )

 

Семестар   2

 

  • Медиумска критика  (6 кредити)
  • Напреднa јавнa комуникациja (6 кредити)
  • Меѓународни медиуми (6 кредити)
  • Компјутерски посредувана комуникација (6 кредити)
  • Изборен предмет  (6 кредити)

 

 

 

Семестар  3

 

  • Применет научен проект и/или магистерски труд  

 

Изборни предмети:

  • Обука за медиуми
  • Напредно интервјуирање
  • Применета интеркултурна комуникација

 

ОПИС НА ПРЕДМЕТИТЕ

Напредна комуникациска теорија
Студентите проучуваат како автори од разни теоретски школи го елаборираат универзалното човеково искуство за комуникацијата и разбирањето на мноштво комуникациски теории на  флексибилен, корисен и предизвикувачки начин.

Истражувачки методи
Студентите развиваат разбирање за истражувачките методи што се користат во комуникациското учење. Понатаму, тие ќе развијат способност да спроведат истражување во дадено опкружување, вклучувајќи и методи за изнесување на  резултати од истражувањето.

Напредна  организациска комуникација
Акцентот на овој курс е во проучувањето, анализата и примената на теории и најнови истражувања поврзани со организациската комуникација. Посебно внимание  му се посветува на вреднувањето на организациското функционирање во светло на последните истражувачки резултати.

Комуникации и конфликти во организации
Овој курс е фокусиран на конфликтните процеси во организациите и употребата на посредничко преговарање и други интервентни стратегии за справување со конфликтите на продуктивен начин.

Групи и организации
Акцентот е во улогата и функциите на формални и неформални организацсики групи во процесите во една организација. Посебно внимание им се посветува на тимската работа и заедничкото донесување одлуки.

Комуникациска обука во организации
Примена, истражување и теоретска поткованост за комуникација во разни бизниси и професии, со акцент врз развивање на програми за обука за ефикасни комуникациски вештини, потребни за бизнисите и професиите.

Комуникациски консалтинг
Овој курс се фокусира на улогата и задолженијата на комуникацискиот консултант. Посебно се изучуваат консалтинг процесот, моделите, вештините на интерперсоналното и тимско донесување одлуки, практичната комуникациска анализа, определување на проблемите, интервентни стратегии, алтернативи од гледиште на клиентот и стратегии за имплементација.

Организациски комуникациски системи
Курсот е насечен кон комуникациската структура на организацијата и нејзиното влијание на организациското делување. Посебно ќе се акцентира развивањето стратегии за подобро комуникациско функционирање.

Напредно  интервјуирање
Курсот е фокусиран на принципите и видовите интервјуа, со примена на начела за информативно, консултативно, вреднувачко, како и интервју при вработување. Исто така се проучуваат резимеа, работни материјали, апликации за работа и други слични форми.

Медиумски стратегии
Современото комуницирање, како лице в лице интеракцијата, за потребите на медиумите бара дополнителни знаења. Овој предмет посебно ќе се фокусира на ефикасното убедување.

Медиумска критика
Предмет втемелен на теории и критички осврти од широкиот спектар на современи теоретски прашања, кој ќе им овозможи  на студентите  да се запознат со анализи на медиумски пораки и примена на соодветни начини за анализа на специфични медиумски текстови.

Напредно убедување
Најновите теории, истражувањата и практиката на убедување и социјално влијание се проучуваат со истовремена имплемнатација на ефикасни убедувачки принципи и стратегии.

Напредна  јавна комуникација
Овој курс е фокусиран врз критичката анализа на реторичките стратегии, употребени од професионалци и организации во јавниот дискурс.

 

Меѓународни медиуми
Курсот е насочен кон споредбена анализа на медиумските системи и нивното влијание во споредувањето на медиумски кампањи.

Компјутерски посредувана комуникација
Преглед на практични и школски пристапи кон компјутерски посредувана комуникација. Се проучува влијанието на синхрониската и асихрониската форма на интеракција врз персоналната и професионалната комуникација, како и  етиката и организациската функција.

Стажирање
Од студентите кои се  вклучени во пракса ( стажирање ) се очекува да учествуваат или спроведат одреден проект во рамките  на некоја организација.

 

Независно учење
Овозможува работа со професорот врз некој истражувачки проект или длабинско проучување на одредена област од комуникациите.

 

IV. Услови за запишпување

Согласно општите одредби за упис  на  програмите од IIиот циклус  на Универзитетот  на ЈИЕ,  кандидатите треба да ги исполнуваат  следниве услови:
1)Универзитетска диплома  по Комуникации или сродна област (на студенти со дипломи  од други дисциплини може да им  биде наложено полагање на дополнителни  предмети од додипломските студии)

  • Одлично познавање на англиски јазик (ТОЕФЛ 550, ИЕЛТС 6.0)
  • Просек на оценки над 8.5

 

2) Одобрение од комисијата за прием ( на студенти со дипломи  од други дисциплини може да им  биде наложено полагање на дополнителни  предмети од додипломските студии)




©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.