|
БАЛКАНСКИ СТУДИИ
ЗОШТО
БАЛКАНСКИ СТУДИИ?
Феноменот на Балканот
низ призмата на Балканската јазична заедница почнува да се проучува
во првата половина на XX век. Дотогаш научниците, претежно лингвистите,
сметале дека интерференциите меѓу јазиците не можат во никој случај
суштински да ги засегнат нивните структури. Но, на Балканот се
случува токму тоа - јазиците од различно потекло (македонски,
албански, аромански, грчки, бугарски и др.) длабоко ги измениле
сопствените структури и многу ги приближиле. Тоа во пошироки рамки
претставува феномен, кој, освен на Балканот е познат и
кај кавкаските јазици. Тоа е феномен бидејќи приближувањето на
јазичните структури не претставува само приближување на јазичниот
код, туку и имплицира и заедничко видување и интерпретација на
светот што не опкружува. Тој заеднички поглед на светот преку
јазикот во огромна мера влијаел и врз многу други фактори, пред
се на културата, обичаите, историјата, митовите, фолклорот и др.
Токму поради тој феномен на т.н. Балканска јазична заедница, на
многу универзитети и научни институции во светот постојат балкански
студии. Така на пример, балкански студии (во различен обем и форма)
има на Универзитетите: Чикаго, Харвард, Индијана, Аризона, Торонто,
Сиднеј, Берлин, Марбург, Амстердам, Лајден, Варшава, Познањ, Неапол,
Белград, Атина и многу други.
Единствено во Македонија,
чиј југозападен дел, (заедно со дел од Албанија и Грција) се смета
за жариште на Балканската јазична заедница, вакви студии не
постојат. Тоа може да се толкува од многу причини, како политички,
економски, социјални и други, но тоа било во други времиња.
Сега, кога во тек е интеграција
на Регионот, сметаме дека е правиот момент и кај нас да започнат
такви студии токму поради фактот што сето тоа што како феномен
се проучува на Запад, се случувало токму на нашиве простори и
единствено на Балканот може да се проучува во целост.
ПРОФИЛ НА ДИПЛОМИРАНИТЕ
| ВЕШТИНИ |
ЗНАЕЊЕ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
| -
силна мултикултурна перспектива -
лидерски способности
- меѓуетничка комуникација
- способност за комуникација меѓу
јазичните групи
- човечки вештини
- флексибилност
- креативност
- прилагодливост
- организациски вештини
- решавање на проблеми
- самостојно размислување |
- Генерално познавање на теоријата
на јазици во контакт
- Теоретски концепт применет врз
балканските јазици (Балканска јазична заедница)
- Напредно познавање на албанскиот
и на македонскиот во нивниот балкански контекст
- Општо познавање на сите други
балкански јазици
- Општо познавање на литературите
и фолклорот на Балканот
- Добро познавање на заедничката
историја и културно наследство на Балканот |
Академски:
- Способност да предава
два или повеќе балкански јазици
- Способност да спроведува научни
истражувања во полињата на Балканските студии
- Превод и толкување
- Можност да продолжи со докторски
студии
Професионални:
- Способност да советува и да консултира
по прашања од балканската проблематика (владини и невладини
организации, компании, амбасади и др.)
- Балкански специјалист во јавниот
сектор (медиуми и комуникации) |
МАГИСТЕРСКА ПРОГРАМА ПО
БАЛКАНСКИ СТУДИИ
ОПИС НА ПРОГРАМАТА:
Општ преглед
Оваа програма го потенцира
регионалниот и интердисциплинарниот пристап кон Балканските студии,
фокусирајќи се на балканските јазици како најмоќно комуникациско
орудие за меѓусебно јазично и културно разбирање. Студентите ќе
ги проучуваат јазичните и културните карактеристики на Балканот.
Преку различните курсеви кои вклучуваат: Заедничка балканска историја,
Културно наследство на Балканот, Заедничката литература и фолклорот,
Јазици и дијалекти, студентите ќе се оспособат да ги разбираат
сопствените и другите култури и ќе можат да го применат тој компаративен
пристап во своите академски или професионални кариери. Оваа програма
ќе ја потенцира акдемската и истражувачката јачина на ЈИЕ Универзитетот.
Студентите ќе бидат обучени да станат
специјалисти по Балкански студии - особено по јазици и култура.
Тие ќе стекнат квалификации за:
1. Професори по балкански јазици
2. Научни истражувачи
3. Преведувачи и толкувачи по два или
повеќе јазици
4. Советници и консултанти по балкански
прашања во владини и невладини организации (домашни и меѓународни)
5. Специјалисти во јавниот сектор (медиуми
и комуникации)
7. Регионални лидери
НАСТАВЕН ПЛАН
ПО БАЛКАНСКИ СТУДИИ
Задолжителни курсеви:
1. ТОРИЈА НА ЈАЗИЦИТЕ ВО КОНТАКТ 5
кредити
Преку овој курс, студентите
ќе бидат запознаени со јазичните универзалии од теоретска перпектива.
Овој курс посебно ќе ги обработува следниве теми: Јазици во контакт,
Јазик и идентитет, Малцински јазици, Креолизација на јазиците,
Когнитивен пристап на јазиците во контакт, Аналитички наспрема
синтетички јазици, Општи карактеристики на јазиците во контакт.
2. ИСТОРИЈА НА БАЛКАНСКАТА ЛИНГВИСТИКА
4 кредити
Овој курс претставува
еден општ преглед на историјата на балканистичките проучувања
и во себе ќе ги вклучи трудовите на познатите балканисти: Ф. Миклошич,
Г. Вајганд, Г. Мајер, К. Зандфелд, Р. Јакобсон, М. Малецки, З.
Голомб, Н. Јокли, Ш. Демирај, В. Фридман, ...
3. БАЛКАНСКА ЈАЗИЧНА ЗАЕДНИЦА 4 кредити
Преку овој курс студентите
ќе стекнат подлабоки познавања за феноменот на "Балканската
јазична заедница", вклучувајќи ги и теориите за настанувањето
и функционирањето на Балканската јазична заедница - теоријата
за латинското и/или грчкото влијание на останатите балкански јазици,
теоријата за супстратот; потоа преглед на јазиците кои се вклучени
во Балканската јазична заедница и нивната класификација; преглед
на структурните балканизми и меѓудијалектниот контакт на балканските
јазици.
4. ИСТОРИЈА НА БАЛКАНОТ 4 кредити
Овој семестрален курс
ќе ја претстави историјата (политичката, социјалната и економската)
на балканските народи, и ќе ги вклучи: етногенезата, миграциите
и формирањето на државност кај балканските народи. Посебно внимание
ќе биде посветено на Балканот во периодот на Римската, Византиската
и Отоманската Империја.
5. КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА БАЛКАНОТ
4 кредити
Овој курс ќе му биде посветен
на проучувањето на културното наследство на балканските народи
кое ќе биде објаснето од компаративна перпектива, како пан-балканска,
така и пан-европска. Посебно внимание ќе им биде посветено на
современите форми на уметничкото изразување.
6. БАЛКАНСКА ЛИТЕРАТУРА
И ФОЛКЛОР 4 кредити
Овој курс ќе се концентрира
на општата балканска литература и ќе ја анализира од регионален
поглед, потенцирајќи ги заедничките теми и митови. Ќе биде дискутирано
заемното влијание помеѓу специфичните литературни традиции, како
и улогата и значењето на народната литература и фолклор.
7. АЛБАНСКИ ЈАЗИК ВО БАЛКАНСКИ КОНТЕКСТ
4 кредити
Овој курс ќе го потенцира компаративниот
пристап - резултати од заемната интерференција во два правци:
а) Влијанијата (на сите нивоа) на албанскиот
јазик врз другите балкански јазици
б) Влијанијата на балканските јазици врз
албанскиот јазик
8. МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО БАЛКАНСКИ КОНТЕКСТ
4 кредити
Овој курс ќе го потенцира компаративниот
пристап - резултати од заемната интерференција во два правци:
а) Влијанијата (на сите нивоа) на македонскиот
јазик врз другите балкански јазици
б) Влијанијата на балканските јазици врз
македонскиот јазик
9. Интензивен курс - СОВРЕМЕН АЛБАНСКИ
ЈАЗИК 6 кредити
Овој курс ќе биде интензивно
учење на современиот албански јазик и е наменет пред сî
за оние студенти на кои албанскиот не им е мајчин јазик (курсот
ќе биде од почетно до напредно ниво во 2 семестри).
10. Интензивен курс - СОВРЕМЕН МАКЕДОНСКИ
ЈАЗИК 6 кредити
Овој курс ќе биде интензивно
учење на современиот македонски јазик и е наменет пред сî
за оние студенти на кои македонскиот не им е мајчин јазик (курсот
ќе биде од почетно до напредно ниво во 2 семестри).
11. ПРЕГЛЕД НА ДРУГИТЕ БАЛКАНСКИ ЈАЗИЦИ
4 кредити
Овој воведен курс ќе се фокусира на описот
и на анализата на следниве балкански јазици*: Аромански, Грчки,
Бугарски, Ромски и др.
*Овие јазици може да се учат и посебно
на основно ниво како изборни
12. ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА НА НАУЧНАТА
РАБОТА 5 кредити
Овој курс во себе ќе ги
вклучи и теоријата и методологијата на научната работа: ексцерпција
на материјали, собирање на податоци, јазичен корпус, научно пишување
и др. Практичниот дел на овој курс ќе содржи теренска работа:
оформување и пополнување на прашалник, снимање на аудио и видео
материјали, како и анализа и синтеза на собраниот материјал и
негово претставување во соодветна форма. Сите компоненти на истражувањето
- и теоретското и практичното/теренското истражување ќе ги вклучуваат
сите форми на дигитализација: оптичко препознавање на текст, аудио
и видео архивирање. Зачувувањето на културното наследство на балканските
народи е целта на овие сегменти.
13. МАГИСТЕРСКИ ТРУД - истражување
и пишување 30 кредити
Преку консултации со менторот
и интересот на студентот, овој модул ќе му овозможи на студенот
да спроведува истражувања во одбраното поле. На студентот ќе му
биде овозможено да искористи одредено време за теренско истражување
за собирање на оригинален материјал. Кредитите ќе бидат доделени
по успешното завршување и одбрана на магистерскиот труд.
Изборни курсеви:
(Студентите мора да изберат по два курса
на семестар)
- секој курс носи по 3 кредити -
- Културна антропологија на балканските
народи
- Балканска цивилизација
- Стандардизација на балканските јазици
- Дијалектологија - микросистеми во
контакт
- Етнологија на Балканот
- Јазична политика
- Балканска митологија
- Балкански народни верувања
- Компаративна балканска ономастика
- Компаративна балканска литература
- Народна литература на Балканот
- Уметност и архитектура
- Балкански медиуми
- Современа балканска музика
- Културна географија на Балканот
- Балканските градови - континуитет
и адаптација - до модерното доба
- Избрани курсеви од други факултети
(CST, PA, BA, Право)
Јазици (во зависност од семестарот
и потребите)
- Аромански
- Бугарски
- Грчки
- Ромски
- Романски
- Турски
Наставни потреби
Следниве наставници се согласија да учествуваат
во изведување на оваа програма:
д-р Теута Арифи
д-р Мустафа Ибрахими
д-р Марјан Марковиќ
д-р Хамит Џафери
д-р Веби Беџети
д-р Пол Фостер
акад. д-р Луан Старова
акад. д-р Зузана Тополињска
акад. д-р Виктор Фридман
д-р Кристина Крамер
д-р Агрон Џаголи
акад. д-р Реџеп Исмаили
*Листата може да дополнува според потребите
и можностите
Инфраструктурни потреби:
За подршка и успешно функционирање на
Балкаските студии, ЈИЕУ треба да инвестира во следново:
- Дигитална медиумска лабараторија
- Он-лајн датабаза по хуманистички науки
- Фонд за развој на кадарот
- Фонд за развој на библиотеката
Услови за прием:
За да бидат примени на ЈИЕУ - Балкански
студии, апликантите треба да ги имаат следниве квалификации:
- Одлично познавање на еден балкански
јазик (ќе се утврдува преку писмен тест)
- Високо ниво на познавање на втор балкански
јазик (ќе се утврдува преку писмен тест)
- Работно познавање на англискиот јазик
- Диплома од првиот циклус на студии
(додипломски) од областа на хуманистичките науки
- 20 студенти
- 1200 евра по семестар
Влијанија врз првиот циклус:
- Магистерските студии ќе се состојат
од вкупно 90 кредити.
- Додипломските студии на ЈИЕУ по современи
јазици лесно би можеле да се намалат до 180 кредити.
- Во иднина се предвидува една интегрирана
5 годишна програма која ќе води до дипломи од првиот и од вториот
циклус.
ЗАБЕЛЕШКА:
ОВАА ПРОГРАМА ЌЕ ПРИВЛЕЧЕ
НЕ САМО СТУДЕНТИ ОД РЕГИОНОТ, ТУКУ И ОД ЕВРОПА И ПОШИРОКО, А ЌЕ
БИДЕ ПОНУДЕНА И ЛЕТНА ШКОЛА ПО ЈАЗИЦИ. ИНТЕНЗИВНИ ЛЕТНИ ПРОГРАМИ
ПО АЛБАНСКИ И ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЌЕ ПОЧНАТ ВО ЈУЛИ 2005 СО 6
НЕДЕЛНИ КУРСЕВИ.
|