| ПРОГРАМА
ОД IIИОТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ПО АЛБАНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА
Педагошкиот факултет ќе понуди програми
од IIиот циклус на студии кои водат до магистерски дипломи по
Албански јазик и литература.
B. ГЕНЕРАЛЕН ОПИС
Програмата од вториот циклус на студии
по Aлбански јазик и литература при Педагошкиот факултетот, преку
можноста студентите сами да ги изберат предметите на студирање,
им овозможува да ги потенцираат своите професионални или академски
способности со стекнување на вештини, знаења и компетенции од
областа на албанските студии.
Целта на оваа програма е да им обезбеди на студентите солидна
основа од јазичната и методолошката теорија и да ги запознае со
вештините потребни за примена на теоријата во практичната настава.
Изборот на наставниот план и индивидуалните предмети директно
го рефлектира она што е познато во врска со албанскиот јазик и
литература во согласнот со јасното и искрено препознавање на локалните
и регионалните наставни потреби и реалности. Програмата е примарно
креирана за флуентни говорители на албанскиот јазик, но во нејзини
рамки е вклучено и интензивно студирање на албанскиот јазик со
посебен акцент врз академското читање и пишување. Во програмата
се влкучени и истражувачки компоненти (квалитативни и квантитативни),
како и академско и ,, активно истражување”, кое ќе се спроведува
во самата училница.
C. РЕЗУЛТАТИ ОД СТУДИИТЕ
Идните дипломци од областа на Албански
јазик и литература ќе се здобијат со високо вреднувана диплома.
Бидејќи, од една страна , програмата е моделирана според најдобрите
меѓународни програми за магистратури, а од друга прилагодена на
регионалните потреби и ситуации, се очекува дипломците не само
да предаваат туку и да помогнат при обуката на следната генерација
наставници по албански јазик. Исто така, ако се земе предвид фактот
дека дипломата ги комбинира и другите јазични проучувања , тоа
ги зголемува шансите на дипломираните да се вработат во меѓународни
организации во земјава и странство и ги квалификува за иден, можен
прием на програми за докторати по Албански јазик и литература
.
D. ОПИС НА ПРОГРАМАТА И НА НАСТАВНИОТ ПЛАН
Програмата од II иот циклус по Албански
јазик и литература ќе се состои од 90 ЕКТС кредити , а наставата
ќе се изведува редовно во времетраење од три семестри ( по 30
кредити за секој семестар ). Програмата е составена од задолжителни
и изборни предмети, специјални предмети ( кои вклучуваат практични
или истражувачки активности) и изработка на магистерскиот труд.
Студентот самиот ја креира својата индивидуална
програма за некој од на четирите споменати профили, преку изборот
на изборни предмети и темата на магистерскиот труд, односно, менторот
од соодветната област.
Задолжителни предмети за IIиот циклус
на студии по Албански јазик и литература
Семестар 1
1. Методологија на истражување (6 кредити)
2. Литература на албанскиот јазик и стилистика (6 кредити)
3. Tеорија на лингвистика (6 кредити)
4. Класици на албанската литература (6 кредити)
5. Изборен предмет (6 кредити)
Семестар 2
6. Усна албанска литература (6 кредити)
7. Методи и теории на литература (6 кредити)
8. Јазици во контакт (6 кредити)
9. Современа албанска литература (6 кредити)
10. Изборен предмет (6 кредити)
Семестар 3
1. Магистерски труд и практична работа
(30 кредити)
Изборни предмети
• Педагогија на албанскиот јазик
• Антрополошка лингвистика
• Контрастивна лингвистика
• Ономастика
• Комуникација
• Дијалектологија
• Лексикологија
• Лингвистичка култура
• Психолингвистика
• Литературна критика
• Aлбанско новинарство
• Анализи на литературен текст
• Современа албанска поезија
• Aлбанска проза
IV. Услови за запишување
Согласно општите одредби за упис на програмите
од вториот циклус на студии на Универзитетот на ЈИЕ, кандидатите
треба да ги исполнуваат следниве услови:
1) Диплома од Iиот циклус (додипломски
) студии по Албански јазик, Литература, Педагогија и сродни
области (240 кредити)
2) Одлично владеење на албански јазик
3) Познавање на еден современ европски јазик
4) Просек на оцени поголем од 8.5
5 ) Одобрение од комисијата за прием ( на студенти со дипломи
од други факултети може да им биде наложено полагање на дополнителни
предмети од додипломските студии)
V. Предавачи:
д-р Веби Беџети
д-р Зеќир Кадриу
д-р Хамит Џафери
д-р Мустафа Ибраими
д-р Али Алиу
д-р Теута Арифи
д-р Џеладин Мурати
Р.Исмајли
Ѓ.Шкуртај
Сеит Манцаку
Џ.Идризи
Х.Имери
Јани Томај
Eмил Лафе
Рами Мемушај
Joрго Було
Флореша Дадо
Имер Цираку
Eмин Кабаши
|