Правен Факултет
Програма за трисеместрални
магистерски студии по
ЕВРОПСКО ПРАВО И ИНТЕГРАЦИИ
Општ опис на Програмата по Европско право и интеграции (последипломски студии)
Вториот циклус на програмата по Европско право ќе понуди солидно знаење и систематско разбирање за институционалните структури, клучните правни начела и одредени контексти од Европското право. Исто така ќе им овозможи високи последипломски квалификации на оние студенти кои имаат намера да заземат водечка улога во процесот на проширување на ЕУ кон Балканот и високи комуникациски вештини на оние кои се заинтересирани за вработување по завршувањето на последипломските студии. Програмата ќе им овозможи на студентите стекнување вештини за справување со правните проблеми поврзани со влезот на Република Македонија во ЕУ и ќе ги поттикне студентите во развивање на критичката свест за функционирањето на Европското право. Програмата бара од студентите да направат истражување под супервизија на предавачите за договорена тема од областа на Европското право, да ги поттикнува оригиналните и напредните коментари кои ги задоволуваат високите научни стандарди и да им помага на студентите во развојот на критичките, аналитичките и истражувачките вештини кои можат да се применат во многу полиња. Програмата е структуирана со цел за развивање на вештините во областа на правните академски истражувања, осoбeно преку писмена презентација на аргументите во духот кој ги интегрира релевантните академски правила и да им помогне на оние студенти кои размислуваат за продолжување на своето академско истражување на повисоко ниво во стекнувањето добра основа во однос на неопходните техники и истражувачките методи кои се дел од специјализираните предмети. За крај, програмата ќе им биде од особена помош на оние кои ќе ја продолжат својата кариера во областа на Европската интеграција.
Цел на програмата
По завршувањето на студиите, студентите ќе стекнат знаење и разбирање за: институциите на Европската Унија и за нивните меѓусебни односи, суштинските правила релевантни за клучни области од Европското право, теоретските перспективи и академски дебати кои ги потенцираат суштинско правните области, методологијата на Европското компаративно право, клучните аспекти, политичките проблеми и начелата поврзани со кодификацијата на Европското право во државите членки и државите кои треба да станат членки во иднина.
Студентите ќе бидат способни успешно да ги применат знаењата, стекнати со овие студии, во многу ситуации каде се разгледуваат релевантни практични или теоретски проблеми. Студентите ќе бидат способни да ги идентификуваат најдобрите практики на државите членки на ЕУ и решенијата за проблемите поврзани со влезот на земјите на Југоисточна Европа во ЕУ. Тие ќе бидат способни да ги оценуваат проблемите во нивниот контекст, релевантност и значење и да ги поврзуваат релевантните информации и клучни извори понудени преку електронските или другите средства. Тие ќе бидат способни да ги оценуваат проблемите и да најдат решенија поврзани со имплементацијата на правото на ЕУ во државите членки, како и во државите кои треба да станат членки на Унијата, да ги формулираат аргументите за главните проблеми и контроверзните области и да презентираат рационално размислување засновано на релевантни материјали. Тие ќе бидат способни да ги препознаат потенцијалните алтернативни аргументи и спротиставени докази со свое сопствено мислење и да ги презентираат истите. Тие ќе се во можност да демонстрираат слободоумност и способност да понудат критички став по стекнатото знаење за поединечните проблеми. За крај, тие ќе бидат способни да покажат конструктивен одраз на научен прогрес.
Настава и учење
Наброените интелектуални вештини се развиваат пред се преку подготовка и учество на семинари, а помалку преку формални лекции. Ова овозможува различната политика и интерпретација на правото да биде критички проучена, а алтернативните позиции да бидат компаративнo проценти. Презентацијата на семинарите може да биде насочена кон оние области кои дозволуваат поголем простор за дискусија и дебата и за кои постои соодветен интерес. Во продолжение, предметната проценка ги дозволува и ги поттикнува напредните дискусии и презентацијата на ваквите дискусии кои се во согласност со правилата на академското изразување.
Предавања и семинари
Предавањата ќе се следат низ двочасовни семинари кои ќе се одржуваат секоја втора недела. На почетокот од предавањето, предавачот ќе го изложи општиот контекст на предметот и клучните проблеми и ќе ги посочи областите за кои ќе се дискутира во иднина. Овoj вовед, кој студентите ќе го најдат во препорачаната литература, има за цел да ги фокусира семинарите на детални дискусии за одредени теми, обично базирани на презентации и на есеи од страна на студентите и воведување дискусии за критичните проблеми. Презентациите бараат од студентите, тие да формираат сопствени гледишта за односната област и да развијат дискусија со предавачот и колегите.
Часовите ќе се одржуваат двапати месечно: во четврток, петок и сабота.
Оценувањето на знаењето стекнато од предметите е комбинација од писмените испити (колоквиум и краен испит), есеите составени од 4000 до 5000 зборови, кои мора да бидат доставени за секој предмет. Подоцнежниот дел од програмата бара од студентите да истражуваат, пишуваат и предадат магистерски труд составен од 15000 до 20000 зборови, по претходно договорена тема од областа на Европското право, а под супервизија на член од академскиот кадар со експертиза во односната област. Истражувањето и подготвувањето на магистерскиот труд им овозможува на студентите развивање на истражувачките вештини. Надгледувањето при подготовката на магистерскиот труд им дозволува на студентите и индивидуални прогресивни размислувања.
Студентите исто така се поттикнуваат да развијат повисок степен на софистицираност преку нивните магистерски трудови, а ова воедно овозможува различните вештини на студентот да дојдат до израз во напишаниот магистерски труд.
Опис на програмата
Последипломските студии од областа на Европското право се во времетраење од две академски години, два семестри составени од по 5 предмети и еден семестар за магистерскиот труд. Предметите во првите два семестра се задолжителни, додека останатите се изборни. Секој ислушан предмет кој е успешно положен на студентот му носи по 6 кредити, додека магистерскиот труд носи 30 кредити. Значи, за успешно завршување на последипломските студии потребни се 90 кредити.
Семестар 1 |
|
Семестар 2 |
|
Семестар 3 |
|
Изборни предмети (најмалку три)
Европско право на интелектуална сопственост (6 кредити);
Европско трудово право (6 кредити);
Европско право на животна средина (6 кредити);
Европско банкарско право (6 кредити);
Право на малцинствата (6 кредити);
Национални политики на транзиција и интеграција во ЕУ (6 кредити) ;
ЕУ и трговија со луѓе (6 кредити) ;
Теми за семинарските работи
1. Регионализација и локална самоуправа на ЕУ ;
2. Царина и монетарна унија;
3. Финансиска и царинска хармонизација во ЕУ;
4.Судска пракса на системите на ЕУ ;
Вкупно : 90 кредити
Јазик на кој се одвиваат предавањата и локација
Повеќето материјали за предметите кои се изучуваат се достапни исклучиво на англиски јазик и поради тоа се очекува добро познавање на стручна терминологија на англиски јазик од страна на студентите. Се предвидува вонредните професори исто така да го користат англискиот јазик за комуникација со студентите. Како и да е, на семинарите ќе се користи македонскиот и албанскиот јазик за објаснување на концептите и споредбената терминологија.
Се предвидува студентите да ги посетуваат предавањата во Тетово за време на првиот и вториот семестер.
Потребни квалификации
Успешните апликанти за последипломските студии од оваа област треба да поседуваат диплома за завршено високо образование во Правната област на Универзитет акредитиран или признаен во Република Македонија и успешно завршени воведни курсеви (предмети) од областа на Европското право или Меѓународното право. Потребно е солидно познавање на англискиот јазик.
Краток опис на задолжителните предмети
Семестар 1
Основи на правото на ЕУ (6 кредити)
Овој предмет ги анализира еволуцијата, структурата, иституциите и изворите на ЕЗ/ЕУ. Исто така со овој предмет се изучуваат позициите на ЕУ правото во правните системи на земјите членки. Понатаму, предметот ја анализира позицијата на ЕУ правото во рамките на Меѓународното право, посебно во однос на другите меѓународни структури како што се Обединетите нации, Советот на Европа и сл. Предметот исто така се фокусира на улогата на правото во сите активности преземени од Унијата.
Европско право за човекови права (6 кредити)
Прашањата врзани со човековите права се во центарот на дебатите во европските држави бидејќи овие држави поминуваат низ брза трансформација. Овој предмет почнува со вовед за настанувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права, и нејзината апликација. Понатаму, предметот ги анализира специфичните човекови права како што се забрана на мачење, забрана на ропство, право на живот, забрана на дискриминација и сл. Оваа анализа ќе биде спроведена преку анализа на концептите на овие права и нивна апликација од страна на Европскиот суд за човекови права.
Институции на ЕУ (6 кредити)
Овој предмет е дизајниран како вовед во институционалната структура на ЕУ: главните институции, нивниот состав, нивната еволуција заедно со интеграционите процеси и нивната улога во рамките на ЕУ. Предметот детално ги анализира институциите кои ги создаваат политиките како што се: Комисијата, Европскиот совет, Советот на министри и Европскиот парламент. Исто така предметот ќе ја опфати во својата опсервација и Европската централна банка која е одговорна за монетарната политика на земјите членки кои партиципираат во Евро-зоната. Понатаму, концентрирајќи се на легислативната процедура ќе се спомнат две советнички тела: Економскиот и социјален комитет и Регионалниот комитет. Дел од предметот ќе биде посветен на активноста на Европскиот суд на правда. Предметот ќе ја анализира врската и односите меѓу ЕУ институциите и процесот на интеграција.
Правото на ЕУ и единствениот пазар (6 кредити)
Овој предмет ќе се фокусира на неколку основни аспекти на единствениот европски пазар како на пример: царинските обврски да имаат ист ефект и внатрешно опорезување со дискриминирачки ефекти, слободно движење на стоки и квалитативни рестрикции и мерки кои имаат еквивалентен ефект, приватни ограничувања на движењето и врската со основните права, хармонизација за комплетирање на внатрешниот пазар, надлежности за хармонизација на внатрешниот пазар, форми на хармонизација и нивниот однос со основните одредби од Договорот, менаџирање на пазарот од страна на Комисијата и сл.
Семестар 2
Европско конкурентно право (6 кредити)
Предметот Европското конкурентно право ги изучува правилата кои го регулираат бизнисот-приватен и државен- на пазарот. Покрива широк дијапазон од прашања вклучувајќи пазарни картели кои ја одредуваат цената, не фер трговски практики, соединувања на компании, државни субвенции кои ја изобличуваат конкуренцијата и одредбите за засновање на јавните услуги. Исто така предметот анализира што се труди да постигне Европското конкурентско право, изучувајќи ги различните средства и процеси во врска со тоа.
Заедничи надворешни и безбедностни политики (6 кредити)
Предметот го анализира развитокот на процесот на креиранје на заедницки надворешни безбедносни политики во Европската Унија, го изуцува знацењето на тие политики за иднината на Европската Унија и ги разгледува практицните и тековни проблеми во врска со донесувањето и креирањето на овие политики.
Организираниот криминал и ЕУ (6 кредити)
Предметот Организиран криминал и ЕУ се концентрира на фактот дека организираниот криминал е константно растечки проблем во Европа. Делата како трговијата со луѓе, шверц на дрога, перење на пари, меѓународни кражби, проституција, нелегална трговија со оружје и сл., се главните теми на овој предмет. Предметот ќе анализира каков ефект имаат овие дела на ЕУ и нејзините членки, во правна смисла, и ќе ги анализира можностите за борба против нив, вклучувајќи домашни и меѓународни системи за контрола.
Краток опис на изборните предмети
Европско право на интелектуална сопственост (6 кредити)
Основните области во доменот на изучување се патентите, ‘trade markers’ и авторските права кои денес се користат и се важни за економскиот и техничкиот развој на секоја земја. Во врска со ова, предметот ќе се фокусира на начинот на кој е уредена оваа материја во рамките на Евроската Унија како што се прашањата на паралелен увоз или така наречениот сив пазар кои инволвира слободно движење и правила на конкуренција.
Европско трудово право
Целта на овој предмет е да даде вовед во развојните текови и промените на заштитата на работниците и прашања кои се однесуваат на трудовото право во Европската Унија под примарната и секундарна легислатива. Предметот ќе ги анализира легислативните норми на Европскиот суд на правдата и судската практика која се однесува на најпроблематичните области од трудовото право како што се третманот на вработените и заштита на работниците во случај на трансфери или преземања.
Европско право на животна средина
Овој предмет ќе ги изучува прашањата на правото на животна средина и неговата регулација во рамките на ЕУ. Значи предметот ќе ги анализира следниве теми: одржлив развој, биодиверзитет, климатски промени, трговијата и животната средина и начинот на нивно регулирање во рамките на ЕУ.
Европско банкарско право
Предметот нуди визија на начинот на кој Европската Унија влијае на процесот на пазарната интеграција во Унијата во областа на банкарството и ја анализира ефективноста на правните инструменти што се користат за промоција на интегрирано банкарство. Предметот се фокусира на правната рамка за банкарство надвор од границите и провизиите за финансиски услуги во Европската Унија.
Правото на малцинствата
Овој предмет го анализира правото и положбата што ја имаат припадниците на малцинствата според Европската конвенција за заштита на човековите права. Предметот ќе се фокусира на судската практика на Европскиот суд за човекови права во областа на малцинствата и ќе ги дискутира постоечките текови во правото и политиката на ЕУ во врска со положбата на малцинствата.
Национални политики на транзиција и интеграција во ЕУ
Овој предмет ги анализира националните политики на транзиција и интеграција на Република Македонија во ЕУ. Предметот ги изучува и коментира досегашните преземени чекори на правно-политички план за влез во ЕУ и дискутира преку компаративна анализа за методите и начините за понатамошно водење на оваа политика во Р. Македонија.
ЕУ и трговија со луѓе
Предметот ги анализира моменталните состојби во Европската Унија во врска со трговијата со луѓе. Предметот ги следи и ги изучува сите правни инструменти и директиви донесени како дел од правото на ЕУ, во врска со овој проблем, од перспектива на организираниот криминал, како и од перспектива на заштита на човековите права.
