www.seeu.edu.mk
 Дома   |   Контакт   |   Барај
       
 English Shqip
  ЈИЕ Универзитет
Идни студенти Сегашни студенти Факултет и Кадри    

 
   Дома
   За Универзитетот
   Катедри
   Запишување на Студенти
   Библиотека
   Вработување во ЈИЕУ
   Меѓународни проекти
   Последипломски Студии
   Информација за конкурсот
    Повик за пријавување на        предавачи
Кликнете тука за повеќе информации во врска со финансиската помош и стипендиите
  Последипломски Студии
 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПЕЧАТ

 


Од: д-р Пол М. Фостер,
Директор за последипломски студии
Универзитетот на ЈИЕ, Teтово, Македонија

Датум: 23 јуни, 2005 година


ЈИЕУ со задоволство Ве известува дека на 22 јуни 2005 година Одборот за акредитација во Македонија ја одобри апликацијата на ЈИЕУ за акредитација на 13 последипломски програми. Целосната листа на одобрените програми може да ја видите на веб страната на ЈИЕУ.
ЈИЕУ ќе започне со понуда на програмите од циклус во зимскиот семестар 2005 година. Следниве програми ќе започнат во тоа време:


 Програми од II-от циклус по Бизнис администрација

o Финансии
o Маркетинг

 Програми од II-от циклус по Јавна администрација

o Компаративна јавна администрација на Европската Унија

 Програми од II-от циклус по Компјутерски науки на Факултетот за комуникациски науки и технологии

o Mултимедиски дизајн
o Развој на софтвер и апликации

 Програми од II-от циклус по Балкански студии
( интердисциплинарна програма)


 Програми од II-от циклус по Правни науки на Правниот факултет

o Граѓанско право

 Програми од II-от циклус на Педагошкиот факултет

o Aлбански јазик и литература
o Предавање на англиски како странски јазик


Дополнително ЈИЕУ ќе започне со три меѓународни програми од вториот циклус:

• Заедничката МБА програма на студии помеѓу Мастрихт училиштето за Менаџмент и ЈИЕУ ќе ја води и Факултетот за Бизнис администрација. Застапеноста на академскиот кадар од ЈИЕУ ќе биде приближно 50% од вкупниот број. Јазикот на предавање ќе биде англиски.Оваа програма за магистратури е поскапа од другите програми.

• Програма од вториот циклус по Европско право која ќе ја води Правниот факултет. Предавањата за одреден број од предметите ќе бидат на англиски јазик и ќе ги изведува наставниот кадар на ЈИЕУ додека другиот дел од предавањата ќе ги изведуваат визитинг професори од Европските универзитети. Цената на оваа програма ќе биде иста како и онаа на редовните програми за магистратури при ЈИЕУ а тоа е 1200 евра за семестар.

• Програмата од вториот циклус по Јавна администрација ( Јавен менаџмент и локално управување) Париз 12/ЈИЕУ ќе ја води факултетот за Јавна администрација во блиска соработка со Францускиот проект за соработка. Универзитетот Париз 12 ќе испрати визитинг професори (како и неколку визитинг професори од Универзитетот Рене кои ќе предаваат на програмата по Европско право) во Тетово за да предаваат тука. Цената на програмите ќе биде иста како и за националните програми за магистратури, а тоа е 1200 евра за семестар.

Подетални информации за Последипломските стиудии наскоро ќе бидат достапни на веб страната на Универзитетот :

Aлбански јазик: http://www.seeu.edu.mk/albanian/spd.asp
Mакедонски јазик: http://www.seeu.edu.mk/macedonian/pgs.asp
Англиски јазик : http://www.seeu.edu.mk/english/pgs.asp


     

Претходни информации

Формулар за Апликација
   

© Copyright SEE University 2003. All rights reserved.