Упатствo за објаснување на моделот на студии според циклусот 3+1
Високото образование во Европа и во Р. Maкедонија од почетокот на Болоњскиот процес е во фаза на реформирање. Ова се најголемите реформи кои се некогаш направени во високото образование.
Универзитетот на Jугоисточна Eвропа од самиот почеток ги следи овие реформи, како што се имплентацијата на ЕКТС (Европскиот кредит трансфер систем), студии по циклуси, перманентниот развој на план-програмите, осигурување квалитетот и др.
Законот за високо образование на Р. Maкeдонија ги опишува одредбите од Болоњската декларација и ја налага нивната имплементаацијата.
Еден од главните елементи од овој процес е студирањето по циклуси, првиот циклус - додипломски студии, вториот циклус - последипломски студии и третиот циклус - докторски студии.
Студиите по циклуси ги имплементиравме од самиот почеток, според системот 4+1, но во академската 2005/2006 година, ги реформиравме студиските програми според „претпочитуваниот” Болоњскиот модел на циклуси 3+2+3. Прилично, процесот на студии по циклуси, главно во Eвропа, се реализира според овој модел: тригодишните додипломските студии со акумулирање 180 EКTС-кредити, последипломските студии во времетраење од две години со акумулирање 120 EКTС-кредити, по кои следат докторските студии – третиот циклус во времетраење од три години (3+2+3). Исто така, некои програми се реализираат според моделот 4+1, кој, исто така, е според Болоњскиот принцип, посебно во медицинските студиски програми, инженерство и во слични дисциплини. Значи, на пазарот на трудот ќе се појават дипломирани студенти со три и со четири години на студии од додипломските студии.
Од друга страна, јавноста и пазарот на трудот не се подготвени на јасен начин да ги читаат резултатите од тригодишните и од четиригодишните студиски програми. Со оглед на овој факт студентите со тригодишната програма на студии можат да се најдат во нееднаква позиција, што значи дека секој кој ги има завршено тригодишните студии ќе биде принуден да продолжи со двегодишните студии од вториот циклус кои во прнцип не се задолжителни за секое работно место.
Имајќи го предвид фактот дека голем дел од реалниот пазар, посебно државаната администрација во Р. Македонија и во регионов, не е подготвена соодветно да ги вработува дипломираните студенти од тригодишните студии, користејќи ја флексибилноста на Болоњската декларација и на Законот за виското образование на РМ, ЈИЕУ има акредитирано студиски програми според моделот 3+1, како алтернатива на постојниот модел 3+2.
Што конкретно се подразбира со оваа рефрома на студиските програми на ЈИЕУ?
Студентите кои ги завршуваат студиите од тригодиншниот циклус - “Bachelor” со 180 EКТС, можат да ги продолжат студиите според овие две опции:
- Можност да продолжат со студиите во вториот циклус - двегодшни студии со 120 EКТС, со кои студентот по завршувањето се здобива со звањето магистер (Мaster) од одредената област.
- Можност да продолжат со едногодишните специјалстичките додипломски студии - 60 EКТС-кредити, со кои по успешното завршување студентот се здобива со дипломата “Bachelor – специјалист” со 240 ЕКТС-кредити, од одредената област.
Опишаните опции се илустрирани во следнава шема:

Регистрација во дополнителниот циклус +1
- Во циклусот +1 имаат право да се регистрираат сите студенти кои го имаат завршено (слушано) шестиот семестар, од студиите од првиот циклус со времетраење од три години на ЈИЕУ. Исто така, во едногодишниот циклус можат да се регистрираат и сите надворешни студенти под услов да ги имаат завршено студиите од првиот циклус од истата област.
- Школарината за дополнителната специјалистичка година ќе биде иста како и за додипломските студии во ЈИЕУ.
Диплома:
- Студентите, по завршувањето на циклусот 3+1, и по акумулирањето на 240 EКТС-кредити според потребите на студиската програма ќе добијат Диплома за завршување на првиот циклус со 240 EКТС, со специјализација во одредената област. Значи, ќе се стекнат со дипломата “Bachelor – специјалист од одредената област”.
- Студентите кои се регистрирани во дополнителната година +1, но кои немаат акумулирано 180 EКТС-кредити од првиот тригодишен циклус според потребите на студиската програма, имаат право во меѓувреме да ги комплетираат додипломските студии и да акумулират 180 EКТС-кредити и да се стекнат со дипломата „Bachelor” од тригодишните студии од одредената област.
Преминување во вториот циклус – магистратура:
- Студентите кои го имаат завршено циклусот 3+1(=4), значи имат дипломирано во првиот циклус со специјализација, имаат право да се регистрираат за студиите од вториот циклус – магистерски студии, според модел +2. Комисијата за оценување на знаењата при соодветниот факултет/студиска програма ќе го изврши оценувањето на знаењата и определувањето на кредитите кои ќе се признаат како почетни кредити во вториот циклус.
Циклусот 3+2
- Во вториот циклус на последипломските студии можат да се регистрираат сите студенти кои го имаат завршено првиот, тригодишниот, циклус. Школарината во вториот циклус +2, ќе биде 900 евра за семестар (30 евра по ЕКТС кредит). Исто така, во овој циклус на студии можат да се запишат и студентите кои го имаат завршено циклусот 3+1 (или 4), со одреден број кредити кои ќе им бидат признати од страна на Комисијата за оценување на знаењата од соодветниот факултет. Школарината ќе биде иста, 30 евра по ЕКТС-кредит.
Режимот на студии во цилусот +1 и +2
Студиите од циклусот +1 и во +2, ќе се реализират според системот на вонредни студии. Што значи 50% од содржниата од одредените предмети ќе се сервисират на директен начин, а 50% од учење на далечина.
