Врз основа на објавениот Kонкурс за запишување на студентите во првата година на факултетите на ЈИЕУ во академската 2007/2008 година и Oдлуката на Советот на Универзитетот одржан на 27.08.2007, Централната комисија за запишување на студенти ја објавува конечната листа на примените кандидати за вонредни студии, на следниве факултети:
Правен
Бизнис администрација
Јавна администрација
Студии за јавна администрација
Политички науки
Компјутерски науки
За групите на студенти кои се состојат од 10 и повеќе студенти ќе се организира настава според политиките за вонредни студии. За групите помали од 10 студенти, наставата ќе се организира со менторски систем, консултации еднаш месечно со наставникот (во договор со факултетот).
Примените кандидати најдоцна до 14.09.2007 (петок) треба да го запишат првиот семестар и да ја земат ID картицата. Запишувањето ќе се врши на шалтер бр. 6 во објектот 801.
Плаќањето се врши на следната:
Жиро-сметка
200-0008775390-10
Депонент Стопанска банка
Сите запишани студенти се поканети на првиот состанок (каде ќе бидат запознаени со политиките и правилата на студии). Состанокот ќе се одржи на 21.09.2007 во 16.00ч во амифетеатарот до Ректоратот.
