Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС (УПЛАТА) НА СЕМЕСТАР за новите студенти

ЈУГОИСТОЧЕН ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Канцеларија за упис/ Студентска служба

Примените кандидати според конечниот список објавен од страна на комисијата за прием на студенти, треба да го запишат првиот семестар од 17.07.07 до 27.07.07.

Со запишување на семестарот се подразбира уплата на семестарот и добивање ИД картичка.

Тарифите за уплата на семестарот за академската година 07/08 се следните

  1. За факултетите Право, Јавна Администрација, Педагошки и Комуникациски Науки и Технологии смер Комуникациски Науки е 40,000 ден.
  2. За факултетите Бизнис Администрација и Комуникациски Науки и Технологии смер Компјутерски Науки е 55,300 ден.

Напомена 1. Кандидатите кои добиле стипендија според заслуга (успех) според списокот објавен од соодветната комисија, треба делумно да го уплатат семестарот и тоа

    1. Кандидатите кои се запишале на – Правен Факултет, Јавна Администрација, Педагошки факултет и Комуникациски Науки и Технологии смер Комуникациски Науки треба да уплатат 9,225 ден.
    2. Кандидатите кои се запишале на Бизнис Администрација и Комуникациски Науки и Технологии смер Компјутерски Науки треба да уплатат 18,450 ден.

Напомена 2. Кандидатите кои аплицирале за стипендијата според финансиска состојба- им се овозможува да уплатат 50% на износот на семестарот. Резултатите ќе бидат објавени на 10.09.2007.

Уплатата треба да се изврши на жиро сметка на УЈИЕ

200-0008775390-10
Депоненет Стопанска Банка

Уплатницата треба да се достави во административна зграда 802, при што се добива ИД картичка.

 


©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.