- Финансиска Помош и Стипендии
Канцеларијата за Финансиска помош врши управување на сите финансиските пакети наменети за студентите на ЈИЕ Универзитет.
Како финансиски пакети на нашите студенти им се достапни: Финансиска помош и стипендии, Програмата Работа и Студии и Студентски кредити.
I. Финансиска Помош и Стипендии
1. Општи одредби
Особено задоволство за Југоисточно-Европскиот
Универзитет претставува тоа што е во состојба да понуди различни
форми на финансиска помош за своите студенти, претежно во облик
на одредени стипендии, финансирани од донаторски агенции. Во било
кое одредено време, се нудат најразлични планови за финансиска
поддршка, а секоја од нив е определена во зависност од приоритетите
на донаторот. Различните планови за стипендирање се објавуваат
пред објавувањето на рокот за пријавување, обично во согласност
со приемните процедури на ЈИЕУ.
Важно е да се истакне дека од студентите се бара јасно да го назначат
планот за финансиска поддршка за кој конкурираат, обично на пријавниот
формулар, придружен со писмо во врска со исполнетоста на критериумите
за подобност за конкретниотплан.
Начинот на доделување на финансиска помош примарно се спроведува од страна на Стипендиската комисија на ЈИЕУ. Оваа комисија понекогаш е придружувана и од претставници на донаторот кој го нуди конкретниот план за финансиска поддршка. Стипендиската комисија е одговорна за прецизното и фер распределување на сите средства кои ЈИЕУ ги има добиено за таа намена.
Додека Комисијата ги прави сите напори
финансиските средства да ги распредели во согласност со приоритетите
на донаторот, воедно на фер и рамноправен начин, обврска на студентите
пак е да се погрижат Службата за финансиска помош да ги добие
сите потребни документи за истите да ги процесира.
Одлуката на Стипендиската комисија, одобрена од администрацијата
на ЈИЕУ, е конечна.
ЈИЕУ не ветува финансиска помош ниту на студентите, ниту на било
кои други индивидуи.
ЈИЕУ го задржува правото да го модифицира,
дополни или повлече извениот износ на стипендијата, школарината,
грантот, или попустот, кога студентот нема да успее да ги исполни
условите за истата.
Стипендии
Стипендијата претставува еден вид на финансиска поддршка за студентите на ЈИЕУ. Разни донатори, корпорации, индивидуи или други спонзори на ЈИЕУ му нудат грантови, специјално наменети за доделување на студентите во форма на покривање на школарината или животните трошоци. Донаторите имаат слобода да нудат специфични стипендии, доделувани според критериуми одредени од самиот донатор. ЈИЕУ генерално ги прифаќа ваквите дарежливи понуди, но одбива понуди за стипендии кои би ја компромитирале мисијата на ЈИЕУ. Некои од стипендиите се доделуваат единствено врз база на заслуги, други се доделуваат единствено врз база на финансиската потреба, додека пак некои се доделуваат врз база на извесен дефиниран профил, како на пример врз база на полот. Критериумите за доделување на секој од плановите за стипендирање с се достапни на јавноста, а се назначени на конкретниот пријавен формулар.
Одредување на финансиските потреби
ЈИЕУ смета дека на сите добри студенти, без оглед на нивната финансиска позадина, треба да им се овозможи ја разгледаат можноста за студирање на ЈИЕУ. Тоа значи, дека студентите треба да имаат предвид дека можат да аплицираат на ЈИЕУ, без оглед на тоа дали самите се во состојба да ги покријат трошоците на студирање или не. Во прилог на овој оперативен принцип, некои донатори нудат стипендии за добрите студенти кои не би биле во состојба да студираат на ЈИЕУ поради слабата финансиска состојба. Под финансиска потреба го подразбираме оној дел од цената на студиите што самиот студент, или неговото семејство не е во состојба да го плати. Со оглед на тоа дека некои од понудените стипендии се доделуваат врз база на финансиската потреба на студентот, таа потреба мора да се определи. Одредувањето на потребите на студентот бара детални и прецизни информации во врска со приходите на студентот и на членовите на неговото семејство, како и некои други релевантни податоци, како на пример бројот на деца во секое конкретно семејство. Стипендиската комисија ќе изврши проценка на потребите врз основа на информациите што се дадени во пријавниот формулар за финансиска помош, како и од документацијата која од апликантот се бара да ја приложи. По анализирањето на овие информации, стипендиската комисија ќе го одреди износот што ќе му биде доделен на студентот.
Услови за доделување
Стипендиите се доделуваат за почетен период од еден семестар.
Студентите се квалификувани да аплицираат за продолжување на стипендијата
за уште седум следни семестри, под услов да нема промена во статусот,
во насока која студентот би го направила неподобен за добивање
на конкретната стипендија. Критериумите за продолжување на стипендијата
варираат од еден до друг стипендиски план, но општо правило е
дека студентот мора да си го задржи добриот академски успех за
да остане подобен за понатамошна поддршка. Деталните критериуми
за секоја стипендиска програма на ЈИЕУ, се располагање.
Подобност за стипендиска поддршка
За да конкурира на конкретна програма, студентот мора да поднесе пополнета апликација во рамките на дадениот рок, да го исполнува профилот и/или критериумите назначени од страна на донаторот и/или ЈИЕУ во поглед на програмата, да го имаат потребниот среден успех назначен за конкретната програма за финансиска поддршка, да има чисто академско досие и да е редовен студент. Студентите кои имаат привремен статус, се на исполнување на некаков академски или неакадемски услов, или пак оние кои поднеле фалсификувани документи, ризикуваат да добијат исклучување од ЈИЕУ. Секоја промена на статусот на студентот во прилог на исполнувањето на условите за подобност, истовремено го прават подобен конкурент за стипендиска поддршка.
Потребни документи за стипендиска поддршка
Сите студенти кои конкурираат за стипендиска поддршка мора да поднесат пополнет пријавен формулар запазувајќи го дадениот рок. Во зависност од конкретната програма, може да се бараат и други дополнителни информации, но тие информации обично се вклучуваат во пријавниот формулар.
Пријави за финансиска поддршка
Пријавите за сите стипендии се достапни во канцеларијата за финансиска помош. Пријавите за стипендија и самото конкурирање, се бесплатни.
Доколку имате прашања во врска со процедурите
или пополнувањето на пријавите, Ве молиме обратете се во канцеларијата
за финансиска помош на ЈИЕУ, до:
Abaz Selmani
Head of Financial aid office
SEE University
Ilindenska bb.
1230 Tetovo/ Macedonia
Campus building 301.16
Tel. +389 (0) 44 356 044
Fax: +389 (0) 44 356 001
e-mail: a.selmani@seeu.edu.mk
