Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Про-Ректор за академски прашања
Доц.Д-р. Замир Дика

Д-р. Замир Дика е роден 1969 во Дебар. Во 1992 тој дипломираше на Машинскиот факултет во Приштина (Косово). Продолжи со постдипломските студии на Факултетот за машинско инжинерство на Политехничкиот Универзитет во Тирана. Тој докторираше на истиот Универзитет на 28 годишна возраст.(тема: „Придонес на оптималното решение на технологијата на дигитални системи со асинхрони секвенци-минимизирање на состојбите.

Неговото прво работно искуство беше на Универзитетот во Приштина (Машинскиот факултет), од 1992 до 1994, каде што работеше како асистент на катедрата за Применета Механика. Од 1994 до 1998 тој работеше како Директор на фабриката ,, Депласт” во Дебар.Од 1998 до 2000 тој беше ангажиран како Професор на Факултетот за компјутерски науки на Универзитетот во Тетово, за предметот “Aвтоматско регулирање I и II”. На истиот Факултет за академската 1999/2000 година тој беше назначен за Декан на Факултетот за компјутерски науки.

Тој е назначен за Претседател на ,,ЈИЕУ Фондацијата” уште од самиот почеток на основањето на идеата за проектот ЈИЕУ. Тој е предавач на Факултетот за КНТ. Од 2001 до 2003 назначен е за Директор на Компјутерскиот Центар при ЈИЕУ.

Од 1998 па се до ден денес тој е пратеник во Парламентот на Република Македонија.

За време на овој период тој исто така е назначен за Член на Управниот Борд на Акционерското Друштво,, Македонски телекомуникации” и “Moбимак”,член на УКиМ во Скопје, и исто така е член на Одборот за акредитација на Високо Образовните институции во Република Македонија.

Тој е автор на неколку научни публикации и наставни материјали…

©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.