Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Ректор на ЈИЕ Универзитет

РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Проф. Д-р Алајдин Абази


Др. Абази е роден во Тетово и е жител на Република Македонија. Тој дипломирал на Електро-техничкиот Факултет на Универзитетот во Загреб, Хрватска (1965), и магистрирал на истиот универзитет во 1973. Во 1977 докторираше на Универзитетот во Загреб бранејќи ја докторската дисертација на тема "Складирање и неутрализирање на електрично полнење на изолациони филмови”.

Од 1966 до 1969 тој работел како професионален инжинер во регионот.Во 1969 тој се приклучил на факултетот на Универзитетот во Приштина каде и бил Декан на Техничкиот Факултет (1979-1981) а во 1985 беше назначен за редовен професор на Одделот за Теоретска Електротехника.

Од 1982 до 1990, паралелно со неговата академска работа беше избран и за Претседател на Бордот на Институтот за истражување и развој "Инкос“ и Заменик претседател на одборот за Електро-Економија во Косово. Тој беше член на Бордот на ЈУ-САД за Научна и Истражувачка Соработка .

Неговите интереси за образованието, умешноста и способноста за зборување на странски јазици му овозможија да предава и истражува и надвор од земјата, вклучувајќи ја и работата на Универзитетот во Северен Велс во Велика Британија, ЈАШИ во Романија, Тирана во Албанија и на Академијата за Науки и Уметности во Кина. Тоj како стипендист на Фулбрајт има поминато една година на Универзитетот Западна Вирџинија во САД. Др. Абази има издадено повеќе од педесет научни статии и има учествувано во голем број научни проекти.

Во 2001 Професор Абази беше назначен за Директор на Фондацијата ЈИЕУ во Тетово. Кога изградбата на Универзитетот беше завршена и Универзитетот беше отворен тој беше назначен за Ректор на ЈИЕУ Универзитетот.


©2007 ЈИЕ Универзитет . All rights reserved.