|
Доц Д-р Владимир Радевски
Доц
Д-р Владимир Радевски е Декан на Факултетот за Комуникациски науки
и технологии на ЈИЕ Универзитетот во Тетово (МК). Дипломирал на
студиите по математика и информатика на Универзитетот Св Кирил
и Методиј во Скопје во 1989г. По добиванјето на титулата Магистер
на науки од областа применета математика и информатика на Универзитетот
во Белград во 1995г. Заминува во Париз, Франција на Лабораторијата
за Компјутерски науки на Универзитетот Париз 13 кадешто докторира
со теза од Компјутерски науки во 2000г.
Академската кариера ја почнува на Универзитетот Св Кирил и Методиј
во Скопје во 1990 како асистент по математика и информатика. Од
1995 до 2000 е член на работната група за Алгоритми и Оптимизација
на Лабораторијата за Компјутерски науки на Универзитетот Париз
13, Париз кадешто е промовиран во званјето АТЕР во 1999. Од 2000г.
Се придружува на франко-турскиот Универзитет Галатасарај во Истанбул,
Турција каде што е избран за Доцент и каде ја почнува неговата
кариера на предавач по повеќе предмети од областа на компјутерските
науки на Факултетот за Инженерство и Технологии. Во 2001 беше
назначен за за потпретседател на Одделот за компјутерско инженерство
на Универзитетот Галатасараѕ. На ЈИЕ Универзитетот се придружува
во 2003 како Продекан на Факултетот за Комуникациски науки и Технологии,
а од септември 2004 и како Декан на истиот.
Покрај богатата кариера како предавач на Универзитетите Парис
13, Галатасарај и ЈИЕ Универзитетот Д-р Владимир Радевски учествувал
и публкувал на повеќе национални и мѓународни конференции од областа
на Компјутерски науки. Неговиот инстражувачки интерест е во областите
на Системи за вештачка интелигенција, Пресметувачка интелигенција
и невронски мрежи, Експертни системи и нивна комбинација и Препознавање
на облици. Ко-автор е на книга - универзитетски учебник по Оперативниот
систем Уникс (1993) и покрај објавувањето на меѓународни научни
списанија бил рецензент и председавач на секции на повеѓе АЦМ
и други меѓународни конференции. Д-р Владимир Радевски е член
и иницијатор на повеќе меѓународни истражувачки и аппликативни
проекти од областа на компјутерските науки и учествувал со свои
предавања по покана на повеќе семинари и Универзитети во Франција
и Турција.
Женет е и зборува Англиски, Француски и Турски, а учи и Албански
и Грчки јазик.
|