Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Конкурс

ПРВ ЦИКЛУС НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Врз основа на член 101 од Законот за високо образование (,,Службен весник“ бр. 35/08), Правилникот за условите и критериумите за запишување на студентите на ЈИЕ Универзитетот и врз основа на одлуката на Сенатот од 4 април 2008, Советот на ЈИЕУ објавува:

 

К  О  Н  К  У  Р  С

За запишување студенти во прва година на додипломски студии на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово во учебната 2008/2009 година.

  1. Број на студенти за редовни студии

На факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово, во прва година на додипломски студии, во учебната 2008/2009 година ќе се запишат следниов број студенти:

  1. Број на студенти за редовни студии во Тетово

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на  македонски јазик

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет

160

60

650 €

Факултет за бизнис  администрација

200

60

900 €

Факутет за јавна администрација и политички науки
- Студии за јавна администрација
- Политички науки
- Студии за труд и социјална политика

 

150
60
30

 

60
-
-

650 €

Факултет за современи науки и технологии
- Компјутерски науки
- Информациски и комуникациски технологии   
(Компјутерско инженерство)

 

75
50

 

 

25
25

 

900 €

- Бизнис информатикаii

50

1000 €

Факултет за јазици, култури и комуникација
- Англиски јазик со студии
- Албански јазик и литература
- Германски јазик со студии
- Превод и толкување (албански-македонски)
- Европски јазици и студии: опција германски-албански
- Европски јазици и студии: опција француски-германски
- Комуникациски студии

 

75
20
20
20

20

15
50

 

25
-
10
-

10

10
30

650 €

 

  1. Број на студенти за редовни студии во Скопје

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на македонски  јазик

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет 

50

30

650 €

Факултет за современи науки и технологии
- Бизнис информатика

 

50

 

1000 €

  1. Број на студенти за вонредни студии

На факултетите на ЈИЕ Универзитетот во прва година на додипломски студии, во учебната 2008/2009 година ќе се запишат следниов број вонредни студенти:

  1. Број на студенти за вонредни студии во Тетово

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на македонски јазик

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет

30

20

650 €

Факултет за бизнис  администрација

30

20

900 €

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Студии за јавна администрација
- Политички науки

 

50
20

 

20
-

650 €

Факултет за современи науки и технологии
- Компјутерски науки

 

20

 

-

 900 €

  1. Број на студенти за вонредни студии во Скопје

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на македонски јазик

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет

30

-

650 €

Факултет за бизнис  администрација

30

-

900 €

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Студии за јавна администрација

 

30

 

20

650 €

Факултет за современи науки и технологии
- Компјутерски науки

 

20*

1000 €

-  Во случај да се пријават поголем број кандидадати од бројот предвиден со овој Конкурс и доколку се оцени дека тие ги исполнуваат бараните критериуми за запишување на ЈИЕУ, тогаш Советот на Универзитетот може да одлучи да прими до 10% повеќе студенти од предвидениот број од Конкурсот.
- Во случај  да се пријават помалку од 20 кандидати за одредена студиска програма Универзитетот има право да не започнува со настава за соодветната студиска програма, а на пријавените кандидати да им понуди можност да се запишат на некоја друга студиска програма.
- Правилата за студирање за сите студенти се објавени во „Збирка на правни одредби за управување и режим на студии”. Оваа збирка е достапна на веб-страницата на Универзитетот: http://www.seeu.edu.mk/macedonian/general/general.asp

  1. Услови и критериуми за запишување на редовни и на вонредни студенти
  1. Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование, или образование адекватно на тоа и кои ја имаат положено државната матура.
  2. Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден  со овој Конкурс, тогаш право за запишување во вториот уписен рок, освен оние што ја положиле државната матура, имаат и кандидатите од гимназиите кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле државниот испит.
  3. Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватното на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.
  4. Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа надвор од Република Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште (со нострификација при Министерството за образование и наука на Република  Македонија).
  5. Вреднувањето на успехот од средно образование, државната матура и од училишната матура за учениците од општите гимназии, или завршниот испит за тие што имаат завршено средно професионално училиште (за кандидатите во вториот уписен рок), се изразува во поени. Врз основа на поени ќе се изврши редоследот на примени кандидати.
  6. Кандидатите кои се запишани без државна матура ќе бидат тестирани за нивните знаења за степенот на познавање на англискиот јазик, на датумот предвиден во делот IV. Ова тестирање нема елиминаторен карактер, но е потребено само за одредување на степенот на познавање на англискиот јазик.
  7. Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со финансирање на студиите.
  8. Предност  при запишувањето на вонредни студии ќе имаат кандидатите кои се во работен однос и кои имаат подобар успех од средното образование. Вработените треба да го документираат нивниот статус.
  9. На вонредните студенти  50% од план-програмата на соодветниот факултет ќе се понуди со редовни предавања додека другиот дел од програмата ќе го завршат со сопствени студии (насочени од предавачот).
  1. Рокови за пријавување и запишување на редовни студенти

      Пријавувањето на кандидатите се врши од 16 јуни до 1 септември.
                За кандидатите кои ја положиле државната матура во првиот рок, листата на примените кандидати ќе се објави пет дена по објавувањето на завршните резултати од државната матура. Запишувањето на примените кандидати ќе почне по објавувањето на завршната листа и ќе трае 14 дена по објавувањето на истата. 
За кандидатите кои ја положиле државната матура во вториот рок, кои имаат предност за запишување или оние што кои ја положиле државната матура во општите гимназии, или кои го положиле завршниот испит во средните професионални училишта, листата на примените кандидати ќе се објави 5 дена по објавувањето на завршните резултати од вториот рок. Регистрацијата на примените кандидати ќе започне по објавувањето на завршната листа и ќе трае 10 дена по објавувањето на истата.

Тестирањето по англиски јазик за одредување на нивото на познавање на јазикот (што не претставува услов за запишување), за кандидатите кои имаат завршено средно образование пред 2008 година или надвор од Р. Македонија, ќе се одржи на датум кој ќе биде објавен во веб-страницата на Универзитетот, во Универзитетскиот кампус во Тетово.

           Кандидатите треба да ги достават сите документи наведени во делот V, во училницата 802 во Универзитетскиот кампус, или преку пошта:


  Универзитет на Југоисточна Европа 
Илинденска бб
1220 Tетово, Македонија
  Teлефони за контакт:     044 356 247; 044 356 249

 

  1. .  Документи за пријавување и запишување за сите кандитати

        Сите студенти кои аплицираат во академската 2008/2009 година е потребно да ја достават следнава документација:

1. Пополнет формулар (кој може да се земе во просториите на Универзитетот или преку официјалната веб-страница на Универзитетот- www.seeu.edu.mk) и уплатница (ПП10) во износ од 1500 денари


СТОПАНСКА БАНКА
Жиро сметка: 200-000877547449
Даночен број: 4028003134292

2. Лична биографија во вид на есеј. Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои студентот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ и кои се неговите/нејзините очекувања. Ова треба да биде изградено врз можноста за самоизразување, со што претставува шанса да се направи концизен и оригинален есеј кој би осветлил одредени аспекти од карактеристиките на личноста на ученикот, неговата биографија или неговите интереси.


3. Оригинална диплома за завршено средно образование (за студентите кои го имаат завршено средното образование пред 2008 година или надвор од Р. Македонија), и оригинални сведителства од сите  години (или копии заверени на нотар).


4.Уверенија од резултатите од државната матура, односно од училишна матура или од завршниот испит.


5. Извод од матична книга на родени.


6. Фотокопија од лична карта или од пасош.

Кандидатите, кои ќе аплицираат од 16 јуни до објавувањето на резултатите од државната матура и ќе ја  достават документацијата  наведена во  точките  1, 2, 3, 5 и 6, ќе се  смета  дека се примени со услов, значи се здобиле со правото на резервација на место на соодветниот факултет, но конечното запишување ќе се изврши по поднесувањето на документот предвиден во точката 4. 

PAKOJA E BURSAVE PËR VITIN AKADEMIK 2008/09

Universiteti i EJL-së në bashkëpunim me Institutin Shoqëria e Hapur (OSI), Programi për përkrahje të shkollimit të lartë (HESP), ofron 100 bursa për të studiuar në UEJL, në ciklin e parë të studimeve.
Bursat janë vazhdimësi nga viti në vit deri në përfundim të ciklit të parë të studimeve trevjeçare.

  1. ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2008/09 ГОДИНА

ЈИЕ Универзитетот во соработка со Институтот Отворено општество (ОСИ) - Програма за поддршка на високото образование ХЕСП, нуди 100 стипенди за студирање во ЈИЕУ, во првиот циклус на студии.

Стипендите кои се добиваат во првата година на студии можат да се задржат до завршувањето на првиот циклус на тригодишните студии.

ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАСЛУГА ОД  УНИВЕРЗИТЕТ НА ЈИЕ

 ЈИЕ Универзитетот за младите студенти кои ќе се запишат на ЈИЕУ во првиот циклус на студии во академската 2008/2009 година, нуди 40 стипендии за кандидатите кои ќе се одлучат да студираат на следниве факултети:

Факултети

Бр. на студенти со настава на албански јазик

Бр. на студенти со настава на македонски јазик

Сумата на стипендијата
во  евра

Правен факултет

13

4

1000

Факултет за бизнис администрација

9

3

1200

Факултет за современи науки и технологии

9

2

1200

 

Изборот на кандидати ќе се изврши според следниве критериуми:

    • 60%  успех од средно  образование;
    • 40% од оценката од државната матура;
    • Доколку повеќе кандидати имат исти бодови на ранг-листата (од  горенаведените критериуми), тогаш ќе се тестират по англиски јазик.

Начин на пријавување

Формуларите за пријавување може да се најдат на веб-страницата на www.seeu.edu.mk или во административната зграда бр. 802.02/2 oд 15 јуни до 15 август 2008 во периодот на пријавување. 

Документацијата треба да се достави во истиот рок до:


Универзитет на ЈИЕ
Канцеларија за финансиска поддршка
Административна зграда бр. 802.02/2
тел:  044 356 188 / 356 044

 

За секоја подетална информација контактирајте САМО со Канцеларијата за финансиска поддршка– УЈИЕ.

ПРОГРАМА ЗА СТИПЕНДИИ СПОРЕД ПОТРЕБА  ЗА ФИНАНАСИСКА ПОМОШ ХЕСП

  •   ЈИЕ Универзитетот  во соработка  со Институтот Отворено општество (ОСИ) - Програма за поддршка на високото образование (ХЕСП), нудат околу 60 стипендии според потребата за финансиска помош на кандидатите кои ќе се одлучат да студираат на следниве факултети:

Факултети

Број на стипендии

Факултет за јавна администрација и политички науки

35

Факултет за јазици, култури и комуникација

25

Фондот на стипендии покрива:

  • Плаќање  дел од школарината - максимална сума - 1000 евра.
  • Плаќање  дел од трошците за транспорт- максимална сума - 600 евра.

Забелешка: Висината на стипендијата ќе зависи од потребата за финасиска помош на секој студент поединечно.

Услови за пријавување:

  • Апликантите треба да бидат запишани како редовни студенти  на  ЈИЕУ. 
  • Апликантите треба да ја докажат нивната потреба за финансиска помош.
  • Право на аплицирање имаат само кандидатите кои се државјани на Р.Македонија.
  • Ќе се евалуираат само апликациите на кандидатите кои имаат најмалку 60 од 100 можни бодови од успехот од средното образование и од државната матура.

Забелешка: Предност ќе имат студентите со ограничени способности

Начин на пријавување:

Формуларите за аплицирање може да се најдат на веб-страницата  www.seeu.edu.mk или во административната зграда бр. 802.02/2,
Од 15 јуни до 15 јули 2008

Документацијата треба да се достави до 30 јули 2007 до:


Универзитет на ЈИЕ
Канцеларија за финансиска поддршка
Административна  зграда бр. 802.02/2
тел:  044 356 188 / 356 044

За секоја подетална информација контактирајте САМО со Канцеларијата за финансиска поддршка – ЈИЕУ.
Ќе бидат разгледани само комплетираните апликации.

 

 

 

©2008 South East European University. All rights reserved.