Избери јазик:|SHQ|EN|MK|contactKoнтaкти|Бaрaj:
 
Konkurs

ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ  - ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Врз основа на член 108 од Законот за високо образование (,,Службен весник” бр. 35/08), Правилникот за условите и критериумите за запишување на студентите на ЈИЕ Универзитетот и врз основа на Oдлуката на Сенатот од 4 април 2008, Советот на ЈИЕУ објавува:


КОНКУРС
За запишување студенти во вторит циклус на студии (последипломски) двегодишни студии, според моделот 3+2 на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово во учебната 2008/2009 година

  1. Студенти  во Тетово

Студиските програми за запишување на вториот циклус на студии (последипломски студии) на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово, за академската 2008/09 година се:

Факултети

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет
- Студии  по кривично право
- Студии по меѓународно право
- Студии по уставно  и управно право
- Студии по граѓанско право

 

 

 

 

 

 

900 €

 

 

Факултет за бизнис администрација
- Економикс
- Финансии и сметководство
- Меѓународни економски односи
- Менаџмент
- Маркетинг

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Јавна администрација           
- Политички науки
- Јавен менаџмент и локална самоуправаi

Факултет за современи  науки и технологии
- Софтверско инженерство
- Менаџирање бази на податоци
- Менаџирање на животната средина

Факултет за јазици, култури и комуникација
- Студии  по англиски јазик - наставна насока
- Германски студии
- Албански јазик и литература
- Раководење и управување во образованието
- Медиумски студии
- Односи со јавност и маркетинг комуникација

 

  1. Студенти  во Скопје

Студиските програми за запишување на вториот циклус на студии (последипломски студии) на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Скопје, за акдемската 2008/09 година се:

Факултети

Цена на студии
(за семестар)

Правен факултет
- Студии по меѓународно право
- Студии за безбедност

 

 

 

900 €

Факултет за бизнис администрација
- Финансии и сметководство
- Менаџмент

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Студии по дипломатија

Факултет за современи  науки и технологии
- Бизнис информатика

 

1000 €

- Во случај да се пријават помалку од 20 кандидати во студиската програма Универзитетот има право да не започне со соодвената студиска програма, а на пријавените кандидати ќе им понуди можност да се запишат на некоја друга студиска програма.
- Правилата за студирање за сите студенти се објавени во „Збирка на правни одредби за управување и режим на студии” кои се достапни на веб-страницата на Универзитетот: http://www.seeu.edu.mk/macedonian/general/general.asp

КОНКУРС
За запишување студенти во вториот циклус на студии (последипломски) трисеместрални студии, според моделот 4+1 на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово во учебната 2008/2009 година

  1. Студенти  во Тетово

    Студиските програми за запишување на вториот циклус на студии (последипломски студии), во времетраење од три семестри на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Тетово, за акдемската 2008/09 година се:

Факултети

Цена на студии  (за семестар)

Правен факултет
- Студии  по кривично право
- Студии по граѓанско право
- Европско право и интеграции

 

900 €

Факултет за бизнис администрација
- Финансии
- Менаџмент
- Маркетинг

 

1200 €

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Компаративна јавна администрација на Европската унија
- Студии по дипломатија

 

900 €

Факултет за современи  науки и технологии
- Развој на софтвер и апликацииii
- Менаџирање на животната средина

 

1200 €

Факултет за јазици, култури и комуникација – втор циклус
- Студии  по англиски јазик - наставна насока
- Албански јазик и литература
- Раководење и управување во образованието
- Медиумска стратегија

 

900 €

  1. Студенти  во Скопје

    Студиските програми за запишување на вториот циклус на студии (последипломски студии), во времетраење од три семестри на факултетите на ЈИЕ Универзитетот во Скопје, за академската 2008/09 година се:

Факултети

Цена на студии (за семестар)

Правен факултет
- Студии  по кривично право
- Европско право и интеграции

 

900 €

Факултет за бизнис администрација
- Финансии
-  Менаџмент

 

1200 €

Факултет за јавна администрација и политички науки
- Студии по дипломатија

 

900 €

Факултет за современи  науки и технологии
- Развој на софтвер и апликацииii

 

1200 €

започне со соодвената  студиска програма , а на пријавените кандидати ќе им понуди можност да се запишат на некоја друга студиска програма.
Правилата на студирање за сите студенти се објавени во „Збирка на правни одредби за управување и режим на студии” кои се достапни на веб-страницата на Универзитетот: http://www.seeu.edu.mk/macedonian/general/general.asp

  1. Познавање на јазиците

    Сите студиски програми и во двата конкурса за вториот циклус на последипломски студии (според двегодишниот и според трисеместралниот модел) се нудат на албански и на македонски јазик, освен обележените програми, кои ќе се нудат само на англиски или на француски јазик. Меѓутоа, Универзитетот има право да понуди  дел од предавањата или од

    предметите на англиски јазик, затоа познавањето на албанскиот, македонскиот и на англискиот јазик е потребно, а познавањето на најмалку два од горенаведените јазици на академско ниво е неопходно.
    Одговорноста за овој услов ја сноси самиот кандидат.

  2. Услови и критериуми за запишување на редовни студенти 
    1. Право на запишување на последипломски студии според моделот 3+2 (двегодишен) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус, или адекватна на тригодишни студии (180 ЕКТС-кредити) и четригодишни студии (240 ЕКТС-кредити), нострифицирани
    2. Право на запишување на последипломски студии според моделот 4+1 (трисеместрален) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус  (нострифицирана)4, или адекватна на четиригодишни студии (240 ЕКТС-кредити).
    3. Кандидатите ќе се запишат како редовни студенти со финансирање на нивните студии.
    4. Предметите ќе бидат редовни и модуларни. Редовните предмети ќе се понудат секоја втора недела и тоа во по 16:00 часот, и во сабота од 8:00 за да им одговараат и на вработените кандидати. Во однос на модуларните предмети (со професори од странство), предавањата ќе бидат интензивни.
    5. Предност ќе имаат студентите со просек на оценки од првиот циклус на судии 8.00 или поголем.
    6. Сите кандидати треба да напишат и краток есеј на јазикот на кој ќе ги слуша предавањата, во која ќе бидат наведени причините поради кои таа/тој е заинтересиран/а за студирање на оваа програма, но ќе даде и опис за нејзините/неговите цели во кариерата.
    7. околку во некоја од студиските програми нема да се пријават доволен број кандидати, во тој случај нема да се организира настава за истата програма. Централната комисија ја надгледува имплементацијата на процесот, води сметка за точноста, дава инструкции и предлози во текот на имплементацијата.

  3. Aпликација и краен рок за запишување на студентите

    Кандидатите треба да аплицираат од 16 јуни до 28 септември 2008

  4. Документи за пријавување и запишување за сите кандидати

Сите студенти е потребно да ја достават следнава документација :

  1. Пополнет формулар (кој може да се земе  во просториите на Универзитетот или преку официјалната веб-страница на Универзитетот-www.seeu.edu.mk ) и уплатница (ПП10) во износ од 1.500 денари


СТОПАНСКА БАНКА
Жиро сметка: 200-000877547449
Даночен број : 4028003134292

  2. Лична биографија во вид на есеј или писмо кое би содржало најмногу 500 збора. Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира  на ЈИЕУ и неговите/нејзините очекувања. Ова треба да биде изградено врз можност за самоизразување, со што преставува шанса да се направи концизен и оригинален есеј кој би осветлил одредени аспекти од карактеристиките на личноста , неговата биографија или неговите интереси.


 3. Оригинална универзитетска диплома (Диплома од I циклус) како и оригинално уверение за положени испити (доколку може и  Додаток на диплома) за I циклус на студии ( или копии заверени на нотар).


 4. Извод од матична книга на родени.


 5. Фотокопија од лична карта или патна исправа.

Испратете го целосниот материјал за апликација на оваа адреса:

Универзитет на Југоисточна Европа
Aпликација за последипломски програми
Ул. Илинденска бб
1200 Тетово, Р.Македонија
Контакт телефон : +389 044 356 031

Сите доплонителни информации поврзани со Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Универзитетот:  www.seeu.edu.mk/macedonian/spd/spd.asp.

 

©2008 South East European University. All rights reserved.