Во
склоп на ЈИЕУ функционира библиотеката „Maкс Ван Дер Штул“, именувана
по човекот чија визија беше основање и развој на ЈИЕ Универзитетот.
Главна цел на кадарот кој работи во библиотеката е да го зголеми
нивото на информации, образование и да се осигура околина за проток
и размена на информации и за многу други културни активности.
Зградата 702, е просторија каде што се сместени сите материјали
на библиотеката вклучувајќи ги тука и халите за читање кои се
тука да им послужат на сите кои имаат потреба.
Информациите се даваат автоматски во библиотеката,со користење
на системот Ex Libris, http://library.seeu.edu.mk
, модерна пракса која го олеснува процесот на работа и земањето
на информации од корисниците. Понатака, информативнaта служба
EBSCO (http://search.epnet.com),
овозможува директен пристап на податоците на он лајн списанијата,
весниците и академските истражувања, бизнис, MasterFILE и многу
други области. Во оваа рамка библиотеката се исто така предвидени
и организација на курсеви во соработка со Компјутерскиот Центар
како и рљазлични етнолошки изложби.
Постојат некои Сектори кои работат во рамките на библиотеката
како што се : Сектор за изнајмување книги, Сектор за каталогизација
како и Сектор за напредок на работниот процес. Сите овие сектори
се во надлежност на Шефот на библиотеката.
Од почетокот на делување главната цел на библиотеката на Универзитеот
‘Maкс ва дер Штул’, беше обезбедување на релевантни материјали
за своите читатели, т.e. вработени и студенти на овој универзитет.
Според тоа главен приоритет претставува соработката со локалните
и странски издавачки куќи Библиотеката најмногу вложува напор
за обезбедување на литература за сите насоки на Универзитетот.Од
голема важнос се донациите од Француската и Германската Амбасада
затоа што му овозможија на Универзитетот да се збогати со германска
и француска литература, Преку соработката со Универзитетот од
Индијана , значителен број на книги донираше и "Сабре фондацијата".
Оваа фондација и помогна на библиотеката на Универзитетот од самиот
почеток. .
Библиотеката значително се прошири и моментално поседува 10 000
каталогизирани книги а некои од нив се во процес на каталогизација.
Па така, Универзитетот се обидува да ги задоволи потребите и барањата
на студентите и академскиот кадар кои се во согласност со програмите
на факултетите.
Овие и многу други активности осигуруваат пристап на информации,
идеи и визии во процесот на надградбата на академското ниво на
корисниците на библиотеката. Најголем приоритет на библиотеката
на Универзитетот е избирање и организација на информации кое овозможува
Универзитетот да поседува библиотека со високи и модерни стандарди.
Библиотека
