2. ШТО НУДИ ПРОГРАМАТА ЗА ПОДГОТОВКА ЗА ИСПИТ
НА ДИРЕКТОР
Програмата за подготовка за испит за директор
дава поддршка за подобрување на професионалното водство во образовните
организации со професионално пренесување на современите тенденции
во менаџментот и водството во образовните и други организации.
Самата обука за оваа програма е базирана на следните принципи:
• Јасни цели
• Хармонизација на образовните потреби на водството и потребите
на организацијата – училиштата
• Високо квалитетно усовршување кое се темели на применливи
знаења релевантни за училишната практика
Вака поставените принципи даваат сигурност
во реализацијата на целите и тоа не само заради долгогодишното
искуство на обучувачите во настава и раководење на училишта туку
и заради тоа што во текот на самата обука - работилниците се практикуваат
активности кои можат да заживеат во пракса, се разменуваат и учи
од искуства.
2. 1. Релевантно искуство
Досегашното искуство во реализација на
оваа Програма за подготовка за испит за директор, зборува за задоволството
и резултатите кои се постигнати со учесниците во програмата, а
сето тоа се должи на:
• Доброто познавање на структурата
и управувањето со образовните системи.
• Познавање на проблемите кои се јавуваат во работата на училиштата
• Големо искуство во вакви и слични активности
• Обучувчи практичари од средното и основното образование
Секако дека интересно е да се даде одговор
на прашањето: Како успеваме да го постигнеме тоа?
. Накратко преку:
• Професионална посветеност во работата
која нам ни е доверена;
• Несебича стручна помош и поддршка за цело време на обуката
• Содржини и активности кои водат во професионален развој кој
не се ограничува само на натрупување на знаења, туку развој
на вештини и способности и созревање “од внатре” на професионален
план.
1.2 Уникатни можности
Соодносот на теоретските сознанија презентирани
низ содржините и активностите во вежбите се гаранција дека оваа
Програма за подготовка за директорски испит дава можност за:
• Стекнување на специфични знаења и
умеења зошто како директор професионалец ќе имате и автономија
но истовремено и голема одговорност во донесувањето на некои
важни одлуки за животот и работата на училиштата
• Развој во професионалец кој постанува рефлексивен практичар
кој се карактеризира со флексибилност, ги разликува чувствата,
почитува индивидуалност и различност.
• Развивање на способностите за следење на средината во која
работи и ад ги осознаете нивните сегашни и идни потреби и презема
активности за задоволување на тие потреби
• Подготвеност за отворена комуникација и толеранција на конфликти
и негување на меѓусебни врски
|