www.seeu.edu.mk
 Дома   |   Контакт   |   Барај
       
 English Shqip
  ЈИЕ Универзитет
Идни студенти Сегашни студенти Факултет и Кадри    
 
   Дома
   За Универзитетот
   Факултети
   Запишување на студенти &
   Финансиска помош
   Академски календар
   Библиотека
   Вработување во ЈИЕУ
   Меѓународни проекти
  Последипломски студии
  Вонредни студии
  Центар за Професионално Водство во Образованието -
Програма за подготовка за полагање на директорски испит
 

3. ПРОГРАМА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДИРЕКТОР

Во оваа Програма за подготовка за полагање за испит за директор, се вклучуваат оние кандидати кои се веќе поставени за училишни директори како и сите оние наставници и стручни соработници кои покажуваат подготвеност за професионален и кариерен развој, а ги исполнуваат условите за директор на училиште според Законот за основно, Законот за средо образование и Законот за ученички стандард. Оваа обука е неопходна за стекнување на право за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште или ученички дом, предвидено според Законот за основно и средно образование и ученичкиот дом.

Цел на оваа обука е да им помогне на канадидатите во подготовката за полагање на испитот за директор, но пред се да се стекнат со спосбности и вештини за успешно управување со училиштата, компетенции неопходни за водење на училиштето.

Врз основа на подготвените програми и соджини (да има линк кон тоцка 4 - Курикулум) на обучУвачите од оваа институција е донесен Правилникот за полагање на испит за директор.

3.1 времетраење на подготовката

Под времетраење на подготовката се подразбира вкупното време кое му е потребно на учесникот да ги совлада содржините од сите Модули од Програмата за испит.

Вкупното времетраење на Програмата е поделено на:

Непосредна обука- учесниците ги совладуваат предвидените содржини на програмата. Непосредната обука на учесниците се одвива во времетраење од 18 часа распределени во 9 сесии по 90 минути, кои се изведуваат во 2 дена.

Индивидуална работа - учесниците подготвуваат семинарски работи на теми од реализираните содржини

Усно образложување - секој учесник ја презентира својата семинарска работа пред групата и обучувачот кој ја реализирал соодветната содржина.

Име на модулот Непосредна обука Индивиду-ална работа Усно образложување Вкупно
1. Воведен модул 18 10 4 32
2. Теорија на организација 18 10 4 32
3. Комуникации во образовните организации 18 10 4 32
4. Директорот како педагошки раководител 18 10 4 32
5. Планирање и финансии 18 10 4 32
6. Законодавство 18 10 4 32
Вкупно 108 часови 60 24 192 часови

Методологија

Предавања, презентации, фасилитирана дискусија, вежби, играње улоги, студии на случај, вртелешка, бура на идеи, рефлексии, семинарски работи

Фронтална, индивидуална, работа во парови и групна работа

Средства

Компјутер, ЛЦД проектор, графоскоп, фолии, постер хартија, печатени материјали итн.

 
     
   

© Copyright SEE University 2003. All rights reserved.