5. ИЗВЕДУВАЊЕ
НА ОБУКАТА
5.1. Кадровски
потенцијал
Наставниот потенцијал на Педагошкиот Факултет вклучува бројни
професори, доценти, асистенти, и надворешни соработници кои се.
професионалци во областа на образованието, воспитанието и менаџментот,
кои покрај стручните и академски титули, поседуваат Сертификат
за Обучувачи на училишни директори добиени од Министерството за
образование и наука на Р.М и УСАИД, како и сертификати за Обучувачи
на директори стекнати во престижната Школа за директори (Sola
za ravnatelje) во Словенија. Нивната специјална обука за обучувачи,
беше финансирана од Американската агенција за меѓународен развој
-УСАИД и World Learning, а реализирана во соработка со професори
од Словенија, САД и Велика Британија, чија специјалност е образовниот
менаџмент и поконкретно обуката и работата на училишните директори.
Покрај тоа, ангажираните за реализација на обуката во оваа Програма
се:
• Автори на Програмата за полагање на испит за директор на основно
и средно училиште (која е составен дел на Законот за основно и
средно образование).
• Автори на материјалите за обука на директорите (за обучувачи
и обучувани) во рамките на проектот СЕА “Активности во средното
образование” - Компонента за Професионализација и сертификација
на директори, финансиран од УСАИД.
• Првите обучувачи на директори во Р.М. според Програмата за испит
за директор - обука реализирана од УСАИД и СЕА проектот, во соработка
со Министерството за Образование и наука, која отпочна во април
2005 год. Преку која се обучени околу 250 актуелни директори од
училиштата низ Републиката.
Покрај искуството кое го имаат како обучувачи во Програмата за
испит за директор односно Програмата за професионализација и сертификација
на училишни директори на УСАИД, обучувачите се практичари кои
се сеуште активно вклучени во воспитно-образовниот систем односно
работат во основните и средните училишта во Р.М како професори,
психолози, актуелни или поранешни директори, обучувачи на наставници,
изготвувачи на наставни програми, членови во државни матурски
и испитни комисии, експерти во работни групи за развој на нови
наставни планови и програми, како и професори и асистенти во високо
образовна институција.
Таа разнородност, на оваа група обучувачи дава огромна предност
заради согледувањето на различните аспекти од работата на училишните
директори, ставајќи акцент на практичноста на пренесените знаења
и вештини, но во исто време правејќи одличен баланс помеѓу теоретското
и практичното..
Како креатори и реализатори на Програмата за испит за директор,
за тимот обучувачи ангажирани за реализација на оваа Програма
за подготовка на испит за директор може да се каже дека се водечки
стручњаци оспособени за обука на директори на основните и средните
училишта. Нивна цел не е само да им ја “сервираат” теоријата од
планирањето, образовниот, кадровскиот и финансискиот менаџмент,
педагошкото водење и законодавството, туку таа теорија да ја поврзат
со образовната пракса и да ја стават во функција на развој на
училишните директори и подобрување на работата на училиштата во
целост.
Во реализацијата на оваа обука ќе бидат ангажирани вработени во
Педагошкиот факултет на Универзитетот ЈИЕ и надворешни соработници,
обучувачи кои и претходно, во изминатиот период имале соработка
со факултетот и со подготвување на програмата:
1. Арафат Шабани
2. Методија Стојановкси
3. Благој Трајков
4. Коста Гошев
5. Весна Дамчевска
6. Соња Гошевска Ивановиќ
7. Јове Јанкуловски
8. Лирие Реџепи
9. Љатив Исмаили
5.2 Простор и опрема
Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ располага со соодветни
просторни услови: бројни училници со можност за користење на видео
презентации, амфитеатар, свечена сала, библиотека со најсовремена
мултимедијална и интернет опрема. (линк со слика кон некои прстории
на ЈИЕ)
За дел од обуките кои ке се изведуваат надвор од Универзитетот
за ЈИЕ ќе се обезбедат адекватни услови за изведување на активностите
планирани со обуката, како од материјални и техничко – технолошки
условии во местата на изведување.
5.3 Реализација
на програмата и администрација
Програмата ќе се реалзира според планираното времетраење со Програмата,
а времето на реализација на програмата се утвдува во договор со
кандидатите и предвидениот квалитетот за реализација на активностите
по програмата.
Програмата се реализира во време на викенд секоја втора сабота
и недела.
Презентацијата на семинарската работа се врши петок попладне.
За кандидатите кои ќе ја посетуваат програмата за подготовка за
директорски испит се води посебна евиденција и документација со
што се евидентираат податоци релевантни за портфолиото и потврдата
за успешно реализирана програма.
Секој кандидат од Програмата за подготовка за испит за директор
кој со успех ќе ја заврши Програмата добива потврда за успешно
реализирана обука.
На учесници во Програма му се издава сертификат со назнака на
содржините и активностите (изработени семинарски работи) реализирани
во Програмата и времетраењето на обуката.
За време на подготовката и изработката на семинарската работа
со учесниците во Програмата за подготовка на директорски испит
обучувачите контактираат со учесниците, им укажуваат помош во
подготовка на семинарските работи за секој модул преку е-маил
–пошта или телефонски.
По реализацијата на презентациите на семинарските работи се води
конструктивен дијалог за самата презентација и образложението
со секој кандидат посебно.
5.4 Место на реализација
Она што е различно од другите акредитирани институции етоа што
за сите оние кои живеат во Тетово и Гостивар и општини кои гравитираат
кон Тетово обуката ќе се изведува во просториите на кампусот на
Универзитетот на ЈИЕ.
За кандидатите од Скопје обуката ќе се изведува во Скопје.
Обука ќе се изведува и во градовите каде ќе се формира група минимум
од 18 кандидати; Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Штип, Велес, Куманово,
Струмица или друг град доколку условите и бројот на кандидати
за формирање на група го дозволува тоа.
|